Група граѓани вечерва се собраа на Партизанска и бараат правда за Фросина Цековска, девојката од Крива Паланка која лани загина на оваа локација.
Се сомневаат дека вистинскиот виновник за смртта на младата девојка е изведен пред лицето на правдата. Фросина загина лани на овој ден. Во неа удри возило марка хонда со скопски регистарски таблички. Иако првично 26 годишниот возач избегал од местото на несреката, тој потоа сам се пријавил во полиција.