За некои од знаците лажењето е вродена вештина, додека пак за другите тешко нешто во кое сами се заплеткуваат. Проверете кој е најголемиот лажго меѓу знаците.
Овен
Лажат неспретно и ретко и може да се рече дека се едни од најлошите лажговци во зодијакот. Импулсивно се одлучуваат на лага, но исто така брзо забораваат што рекле во афект.
Бик
Лажат само во вонредни ситуации, инаку презираат се што е нереално и лажно. Кога мора да лажат ја кажуваат речиси половина од вистината.
Близнаци
Тие се најголемите лажговци според хороскопот, а кога со наивно лице ќе ви се заколнат во нешто нелогично, знајте дека лажат. Тие го прават тоа забавувајќи се, глумејќи и тоа за нив е мала игра која на никого не му служи.
Рак
Тешко да ги фатите во лага- имаат совршена меморија и точно паметат што и кого излажале.
Лав
Тие не лажат, туку ги преувеличуваат приказните, а се поради силната желба нивната стварноста да има помпезност и влијание.
Девица
Ретко се служи со лаги, но кога ќе ги употреби, тогаш ги кажува до најситниот детал, а најчесто за теми поврзани со работата и здравјето.
Вага
Не сакаат да лажат, а ако се доведени до таква ситуација попрво ќе ја променат темата со љубезна насмевка.
Шкорпија
Сосема уверлива- лаже безобразно и ладно, но често не за да му наштети некому, туку само ја да провери туѓата интелигенција. Всушност, тие бараат личности рамни на себе или некој предизвик.
Стрелец
Слично како и Овенот- вистината е неговото најсилно оружје, па се чувствуваат несигурни кога лажат. Тогаш стануваат црвени, молејќи да ги откријат, за да може да прекине фарсата.
Јарец
Не лажат провидно, неговите лаги се добро смислено алиби, засилено со силни причини и оправдувања. Тие ретко лажат во афект- секогаш се работи за лага која е планирана.
Водолија
Не сакаат да лажат, но спремни се на компромиси и на „заташкување“ на вистината, доколку оценат дека така ќе спасат некоја врска или ќе спречат некој пријател да биде повреден.
Риби
Лажат мајсторски, но тоа се најчесто ситни лаги за секојдневните случувања, бидејќи сакаат да ги одложат своите обврски и да го направат животот поинтересен.