Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all 34806 articles
Browse latest View live

Зошто треба да се заљубите во девојка која патува?

$
0
0

Заљубете се во девојка која патува. Таа е девојката со кожа бакната од сонцето и малечки пеги. Таа има аура на среќа околу неа заедно со прекрасна кожа и сјај во очите.

Заљубете се во девојка која патува. Таа не е материјалист. Таа не се грижи за работите кои ги поседува, туку за скапоцените искуства.  Непотребно е да и давате скапи подароци, наместо тоа подарете и фотографии кои може секогаш да ги носи со себе.

Заљубете се во девојка која патува, затоа што со неа секогаш ќе имате дом. Таа го цени нејзиното време во својот дом и тоа ја смирува, иако наскоро  повторно ќе и се појави желбата да патува. Таа се гордее со нејзиниот роден град.

Заљубете се во девојка која патува. Таа е највредната жена која ќе ја запознаете. Таа е паметна, знае како да се снајде, има страст за работата и никогаш не се предава.

Заљубете се во девојка која патува, затоа што секогаш ќе бидете изненадени. Таа знае како да се снајде низ непознати градови и има одлично чувство за ориентација, но исто така ужива во спонтаноста да биде изгубена.

Заљубете се во девојка која патува. По толку многу промашени летови, погрешни скршнувања, лоша храна и тоалети, таа е флексибилна и опуштена. Таа е подготвена за пречки на патот и буквално и метафорички.

Заљубете се во девојка која патува затоа што таа е полн со разбирање и поддршка. Таа е свесна дека можеби никогаш нема да сакате да патувате како што сака таа, но таа секогаш ќе биде забавна, ќе го прифати тоа што животот и го нуди и ќе ви помогне да го направите истото.

Заљубете се во девојка која патува затоа што таа многу знае за историјата, културата и однесувањето во различни општества. Таа е навикната да стекнува пријателства и да се снајде во секој разговор. Таа секогаш ќе биде отворена за среќавање нови пријатели и да ве импресионира со нејзините социјални вештини.

Заљубете се во девојка која патува.Таа е независна, паметна и силна. Таа секогаш ќе биде доволна самата на себе. Таа  знае како да ги троши сопствените пари. Знае како да ги прочита луѓето.

Следниот пат придружете и се. Патувањето ќе ве зближи.

 


Пред да стапите во брак, направете ги овие работи

$
0
0

Во денешно време постои голем притисок за наоѓањето на вистинската личност и стапувањето во брак. Иако сето тоа е слатко и бајковито, сепак најлошото нешто што можете да го направите е да брзате низ овие работи.  Пред да стапите во брак, направете ги овие работи.

Обидете се да живеете сами, барем неколку месеци.

Имајте секс со личност која вашите родители никогаш не би ја посакале за вас.

Штедете малку за убаво патување или нешто вредно што сакате.

Научете како да готвите фини нешта.

Стекнете повеќе самодоверба и сигурност во себе.

Патувајте сами.

Справете се со еден од вашите најголеми стравови.

Најдете ново хоби.

Размислете дали сакате деца и колку.

Сфатете кој е вашиот омилен пијалок.

Научете да кажете „не“. Ќе ви треба.

Научете мултитаскинг.

Запознајте ги подобро вашите пријатели.

Научете да бидете среќни кога сте сами.

Најздравиот напиток за вашето здравје

$
0
0

Овој магичен напиток ќе ви помогне да го намалите крвниот притисок, да го намалите вишокот масти, да се справите со дијабетесот и да го подобрите варењето.

Што ви е потребно?

2 лажици јаболков оцет

2 лажици свежо цеден сок од лимен

1 лажица цимет

1 лажица мед

1 чаша вода

Сѐ што треба да направите е да ги споите состојките во блендер. Испијте го секое утро пред појадок и водете сметка да е свежо подготвен. Пијте го секое утро и ќе ги забележите мошне брзо резултатите од неговото конзумирање.

Секоја од состојките во овој напиток е корисна за нашето здравје.

Цимет – ова е еден од најголемите антиоксиданти, а помага и во регулирањето на шеќерот во крвта.

Мед – често се користи за слабеење, спречување рани, за здравје на срцето, кожата, белите дробови и гинеколошки органи. Доколку земате лажица мед секое наутро, тоа ќе ви ги олесни проблемите со грзлото и ќе ви ги смири нервите. Медот исто така содржи и ензими кои помагаат во подобрување на системот за варење, така што го поттикнува губењето на тежината.

Јаболков оцет – корисен е поради добрите бактерии и хемикалии.

Сок од лимон – тој има алкализирачки ефекти на организмот и придонесува за регулирање на пх вредноста во нашиот организам. Медот е богат со витамин Ц, кој е најголем чувар на имунитетот.

Пред да си заминам засекогаш, сакам да ти го кажам само ова

$
0
0

Не можам да разберам зошто ми беше толку тешко да ти ги објаснам моите чувства кога бевме заедно. Гледам во тебе и во мојата глава поминуваат милион мисли. Понекогаш ти се дерам, друг пак те молам, но никогаш не можеше да излезе од мене тоа што го чувствувам за тебе. Ја отворав устата за да зборувам но ништо не излегуваше од неа. Мртва тишина, можеш да ме слушнеш како дишам, како се мачам, но без оглед на тоа колку пати се мачев, ниту еднаш не можев да ги најдам соодветните зборови. Ме прашуваш дали сум добро и што ме мачи, но ти велам ништо. Но, ралноста е поинаква.

Затоа, те молам да го прочиташ ова. Замисли ме во себе како тажна личност, каква што бев често додека бев со тебе и сфати дека ова е една од најтешките работи кои некогаш сум морала да ги направам.

Не можам да замислам свет во кој јас и ти не се заендо, но не можам ни да замислам да продолжам да функционирам со сета оваа болка. Многу сум повредена и не можам да го кријам тоа. Всушност, јас сум повеќе од повредена, разочарана сум и со скршено срце. Знаеш низ се што поминав во мојот живот со сите оние кои тврдеа дека ме сакаат и мислев дека ти нема да го направиш истото, но еве тука сме пак.

Ти ме расплака, сто и еден пат досега. Сепак, останав до тебе. Останав зошто секогаш повеќе им верував на твоите зборови отколку на твоите дела. Но, твоите зборови денес не вредат ништо.

Не знам како можеш наутро да се погледнеш во огледало знаејќи дека ја повредуваш девојката која толку многу те сака. Дали ти значи нешто тоа?  Жал ми е што ме споредуваш со другите, не поради тоа што сум толку многу поинаква од нив, туку поради тоа што те сакам.

Сакав да верувам дека си подобар од сите други, но твоите дела не го кажуваат тоа. Ти секогаш правиш како да не сум доволно добра и како нешто да не е во ред со мене. Ме тераш да си судам себеси и да мислам дека не вредам.

Кога ќе погледнам назад, ти не си истиот во кој се вљубив. Оној кој го засакав никогаш  не би ме третирал вака и никогаш не би засакала некој како тебе, доколку на почетокот го покажеше своето вистинско лице.  Сакам да врескам од болка, да ти се дерам, да те задавам, но тоа не ми вреди ништо. Сакам да те погледнам во очи и да те прашам зошто го правиш тоа, но знам дека нема да добијам одговор. Затоа е најдобро да си заминам.

Додека си заминувам, тајно ќе посакам да ме побараш, да се извиниш, да пробаш да се смениш. Но, знам дека сето тоа е бајка. Знам дека нема да го направиш тоа и знам дека реалниот свет не функционира така.

Сеќавај се на девојката која те сакаше толку многу и која ќе го дадеше целиот свој свет за тебе.

Од полноќ нови цени на горивата

$
0
0

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се зголемуваат за 0,50 денари за литар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 66,50 ден/лит, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 53,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува, односно останува 68,50 ден/лит.

За еден денар поскапува Екстра лесното масло за домаќинство и ќе изнесува 42,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС, пак, се намалува за 0,680 денари и килограм ќе чини 27,845 денари.

НОВ ДИРЕКТЕН ЛЕТ: Од јули Скопје-Доха со Катар ервејс

$
0
0

Авиокомпанијата Катар ервејс денеска официјално потврди дека од 17 јули годинава ќе почне да лета на линијата Скопје-Доха-Скопје, најави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.

- Како што не информираа од Катар ервејс, авиокомпанијата ќе почне со процедурите за добивање на потребните дозволи за летање и веќе од 17 јули се воспостави првиот лет од Скопје кон Доха. Се работи за една глоблана авиокомпанија која ќе понуди нови можности за македонските граѓани и директни летови кон Блискиот исток, рече Мисајловски на денешната прес-конференција.

Нагласи дека со тоа се реализира уште едно залагање на Владата за зголемување на бројот на достапни авиолинии и додаде дека во последните неколку години авиосообраќајот во Македонија постигна вистински напредок.

Од утре бесплатен јавен превоз за сите скопјани

$
0
0

Бесплатен јавен превоз за сите граѓани во Скопје додека да се намали загаденоста на воздухот, најави градоначалникот на градот, Коце Трајановски, како една од мерките што ги претстави на прес-конференција за загаденоста на амбиенталниот воздух.

Трајановски апелираше сите скопски градоначалници да помогнат во финансиското субвенционирање на јавниот градски превоз.

Оваа привремена мерка ќе трае сè додека нивото на загадување не се намали до дозволеното ниво.

За воведување пар-непар Трајановски рече дека нема законски услови и затоа упати апел до надлежните министерства да направат измени во законите за воведување на оваа мерка во главниот град.

Во подрум во Чаир пронајдена муниција, бомби и гранати

$
0
0

Вчера во 15:22 часот во ЕИК-Скопје пријавено е дека во подрумските простории од станбен објект во населбата Чаир, пронајдени биле две кофи  полни со разна муниција, рачни бомби и минофрлачки гранати.

При увидот на местото на настанот, во подрумските простории, пронајдени биле 19 гранати калибар 40 мм во реденик, 12 гранати 40 мм залепени со селотејп во картонска кутија, две рачни бомби кинеско производство, еден упаљач за рачна бомба, 25 куршуми маневарска муниција калибар 7,62 мм и 10 куршуми калибар 7.62мм боева муниција.

Се работи на целосно расчистување на случајот.


Скопјанец навредувал и му се заканувал на дипломат во Амбасадата на САД

$
0
0

Триесет и четиригодишниот скопјанец, Т.Т. заработи кривична пријава од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „повреда на угледот на странска држава“.

Пријавниот во периодот од 14 до 16.04.2016 година од својот фејсбук профил во повеќе наврати на официјалната страница на Фејсбук на Амбасадата на САД во Р.Македонија, објавил коментари со недолична содржина и испратил индиректни закани кон дипломатскиот претставник на САД во Р.Македонија и кон неговото семејство со што јавно го изложил на подбив – соопштија денеска од МВР.

Оставете ги автомобилите дома, бесплатен јавен превоз за сите

$
0
0

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на денешната  прес-конференција објави итни мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот.

- Во согласност со Законот за квалитет на амбиентниот воздух, а во насока на намалување на загадувањето на воздухот со кое сме особено соочени во последниве неколку дена, како и во согласност со ингеренциите што ги имам како градоначалник на Градот Скопје, ја информирам јавноста дека ги донесувам следниве мерки и препораки кои стапуваат во сила веднаш:

1. Воведуваме бесплатен јавен превоз за сите граѓани во Скопје, и во автобусите на ЈСП и во автобусите на приватните превозници, се до моментот на намалување на загадувањето, за што јавноста дополнително ќе биде известена. Ги повикувам сите градоначалници од скопскиот плански регион да помогнат во субвенцонирањето на јавниот транспорт за полесно да ја поднесеме новонастанатата ситуација.

2. Градот Скопје ја интензивира контролата на градилиштата, односно возилата што излегуваат од градилиштата мора да имаат измиени тркала и да се покриени со церади заради контрола на прашината.

3. Го задолжувам ЈП „Комунална хигиена“ да го продолжи интензивното миење на градските улици и булевари што се во надлежност на Град Скопје и им препорачувам на скопските општини да го направат истото на улиците што се во нивна надлежност.

4. Доколку дозволат временските услови, Градот Скопје ќе продолжи да ги прска градските улици со средството калциум магнезиум ацетат.

5. Во согласност со сегашните прописи во градот не може да се воведе пар-непар, но затоа апелирам до надлежните министерства - за животна средина и просторно планирање, за внатрешни работи и за здравство да предложат измени во законот за да може да се спроведува оваа мерка.

6. Апелирам до вработените во Град Скопје на работа да доаѓаат со автобусите на јавниот превоз.

Културен информатор: Што има во Скопје неделава?

$
0
0

Понеделник 6.2.2017

20.00/Драмски театар

Рок Кафана Рустикана 2.0

21.00/Неделна програма 

*Понеделник – Happy Monday со Natalija Danailova за среќен почеток на неделата Старт после 21:00

*Вторник – Heineken Tribute Tuesday. Heineken 0,5 по промо цена од 100 денари и музика исклучиво од еден артист во периодот од 21:00 – 00:00.

*Среда – Blues & Whiskey Wednesday. InThe Mood Blues Duo со најдобриот акустичен блуз перформанс во градот и 8 вида на виски по цена од 100 денари.

*Четврток – Кириличен рокенрол со Аудиоскопје после 21:30

*Петок
– Вино и Гитари од 17:00. Афтерворк со Jovan Kucinovski во соработка со Тиквеш.
– Класичен рокенрол со Ringroad со старт после 21:30

*Сабота
– Македонски евергрини со Lili Chilli од 15:00 и Burger Happy Hours од 14:00 – 18:00. 20% попуст на сите бургери во овој период.
– “Страна Б“ акустично со старт после 21:30.

За инфо и резервации пишете ни во инбокс или свртете на 075 478 134

Вторник 7.2.2017

Public Room

20.00/ Product design exhibition

„ВКУСОТ НА ТЕКСТИЛОТ”
Продажна изложба на македоснки пионерски брендови.

Една група на многу млади и смели ентузијасти предводени од искусни дизајнери и менаџери формираат 10 нови македонски бренда ги претставуваат пред пошироката јавност. Станува збор за за иновативни производи каде носечки материјал е текстилот, и кои имаат две или повеќе функции. Сите производи се со огромен пазарeн потенцијал, што ветува некаква иднина во поглед на опстанок на младите брендови и нивен понатамошен развој.
Изложбата е резултат на пет- дневна работилница за време на Неделата на дизајн во Скопје 2016 и шеесет дена продукција и промоција на истото.

Проектот е поддржан од страна на Амбасадата на кралството на Холандија, Дизајн центарот Јавна соба и Институтот за дизајн и инжинеринг на облека при Технолошко-металуршки Факултет – Скопје .

Среда 8.2.2017

Public Room

20.00/ Taste of Italy

Во рамките на проектот Вкусот на Скопје за зголемување на локалните кулинарски навики, Public Room ви претставува едно мошне уникатно гастрономско искуство!
Марк де Јонг заедно со тимот на Public Room ќе приготвуваат рецепти од два италијански региони – Венето и Тоскана.
Вечер на храна и вкусoви кои создаваат магија во вашата уста.
Незаборавна вечер за сите љубители на месо.

Цена: 880 денари.

Четврток 9.2.2017

 МНТ

19.00/Соларис

Режисер: Андриј Жолдак

Сценографи: Моника Пормале и Андриј Жолдак
Костимограф, асистент-сценограф и видео-концепт: Даниел Жолдак

Улоги:
Крис Келвин – Дејан Лилиќ
Реја – Дарја Ризова
Крис (дете) – Дарио Ефтимовски
Реја (дете) – Калина Трипкова
Снаут – Александар Ѓорѓиески
Сарториус – Александар Михајловски
Таткото – Славиша Кајевски
Мајката – Арна Шијак
Слугинката – Драгана Левенска

*Слободен влез за студенти

 С26

 23.00/ Тамара Тодевска со бенд

Премиерно издание на Тамара за 2017та. Четврток е денот, С26 е местото.

Продолжува на наредната страна...........

 

Петок 10.2.2017

Public Room

16.00/Lucky Friday 

Вино, мезе, дружење, муабети, боса нова звуци ~
Вашата омилена сорта вино од Bovin, Traikovsky, Tikves Special Selection, Brzanov, Popov, Stobi на – 50%

Резервирајте си место за вашето друштво на 02 6092650, contact@publicroom.orgили преку https://rezerviraj.mk/detali-za-nastan/lucky-friday-wxbUv.

Gnezdo Kitchen Bar

17.00 афтерворк забава

Забавата продолжува и овој петок. Заедно да го започнеме викендот со Beni & Non Stop (Official), ДиЏеј Брик и Вашето омилено гнездо, Гнездо Кујна Бар. Телефони за резервации 078/306-010 и 02/3212-830, или преку порака на нашата фб страна. Повелете, Ве очекуваме.

МКЦ

21.00/Соголи мe, концертна промоција на новиот албум и 20 год. јубилеј

По нешто повеќе од седум годишна албумска пауза, String Forcesимаат нов албум, „Соголи ме“.
Ова ќе биде двоипол-часовен настан на којшто, покрај целиот нов албум, ќе има и прошетки по сите претходни четири албуми, како никогаш досега.

Карти (200/300 денари): МКЦ, MkTickets.

Public Room

22.00/Showroom: Kabadayas

Овој петок уживаме во авторските композиции од најновиот албум на триото Kabadayas: Зоран Костадиновски- гитара, Џоле Максимовски- бас гитара, Дино Милосављевич- тапани.

Не ја пропуштајте оваа вечер на милување од гитара ~https://rezerviraj.mk/detali-za-nastan/showroom-kabadayas-YAgMk
02 6092650
contact@publicroom.org

С26

23.00/Orlando Voorn

Петочко лудило со Oralndo Voorn = NightVision/ Devine Records = local suport – Tomi Bojadzi.

Сабота 11.2.2017

СЦ Борис Трајковски

23.00/ U-Recken

Традиционално првата SUN Productionжурка во годината е во втората сабота од февруари…
Оваа година имаме специјален настан, промо журка за Tree Of Life Festivalи гостувањето на еден од најплоднитеартисти во моментов

U-Recken– Dacru Records / Israel
www.facebook.com/urecken
www.soundcloud.com/u-recken
www.electreelife.com

Специјален гостин, најголемиот македонски амбасадор во моментов:

DJ Djantrix– Digital Om Productions
www.facebook.com/DjDjantrix
www.soundcloud.com/djantrix

Домашна поддршка SUN Production djs:

DARE
SOUNDKILLAH
HUMANOID

Влез: 350 денари, на врата 400 денари

Недела 12.2.2017

Public Room

11.00/Social Sunday

Поминете убаво и безгрижно социјално попладне со вашето семејство користејќи ја можноста за бесплатна анимација за најмладите краетивци со дрвените играчки од програмата на Melissa & Doug. Децата на возраст од 2 до 4 години ќе бидат воодушевени да научат како се подготвува појадок, како се отвораат и затвораат патенти, копчиња, рајбери…
Децата од 5 до 7 годиишна возраст ќе можат да ја развиваат сопствената слика со колекции на стикери и печати.

А родителите може да уживаат на каучите од прогрмата на „Просторија” и „Фејдом”.

Сите учесници се дел од наградна игра на која ќе можат да освојат дрвена играчка од програмата на Melissa & Doug!

Скопје Мериот Хотел

19.00/The Bridal Fashion Night

Скопје Мериот хотел ќе биде вистинското место за вистинските невести на 12 февруари каде што по петти пат ќе се одржи „The Bridal Fashion Night“ со почеток во 19:30 часот. Настанот кој веќе традиционално го организира тимот на Моден викенд Скопје ќе биде целовечерен моден водич и можност двојките во хотелот да го најдат своето совршено место за свадбениот ден.

Идните невести кои сакаат да присуствуваат на настанот треба да испратат име и презиме, како и детали кога сакаат да организираат свадба на weddings.skopje@marriott.comили на Фејсбук страницата @skopjemarriott најдоцна до 10 февруари. Бројот на места е ограничен, а идните невести можат да присуствуваат со уште едно лице.

Тамара Тодевска со бенд во Станица 26

$
0
0

09 Февруари 2017 четврток
Тамара Тодевска со бенд
почеток 23:00ч

Кои се резултатите кога родителите ги тепаат децата?

$
0
0

Тепањето на децата можеби изгледа правилно и моментално го решава проблемот со нив, но штетата на долгорочни патеки е многу поголема отколку што се мисли.

 

Резултатите од неодамнешна студија на Универзитетот во Тексас биле објавени во јавноста и во извештајот пишувало дека истражувањата покажуваат дека поради удирањата децата  ги прават спротивните работи од оние кои ги посакуваат родителите. Споредено со деца што не биле малтретирани, другите покажување:

– Повеќе агресија;
– Антисоцијално однесување;
– Проблеми со однесувањето, претерување со реакциите;
– Повлеченост;
– Проблеми со менталното здравје;
– Ниска самодоверба;
– Лош однос со родителите.

Удирањето се поврзува и со пониска морална способност за интернационализација и помали когнитивни способности кај децата. Друго истражување покажало дека децата кои се редовно удирани имаат помалку сива маса во некои делови од префронталниот кортекс што се поврзува и со ментални нарушувања.

Родителите кои го практикуваат ова не се откажуваат затоа што не гледаат друг начин на кој би ги натерале нивните деца да се смират. Сепак, постојат многу начини што не вклучуваат насилство, дури ни зголемување на тонот на гласот на родителот за децата да се смират. Само на родителите им е потребно трпение.

Едноставна, а убава торта што не се пече: Ресана торта

$
0
0

Добро познатата торта со ресана која се подготвува многу брзо и што е најважно, е БЕЗ печење!


Потребно:

  • 1 кгр. ресана
  • 200 гр. млеко
  • 200 гр. исечкани ореви
  • 250 гр. путер
  • 2-3 лажици рум
  • 300 гр. слатка павлака

Исечкајте ги ресаните на четири дела и попарете ги со топлото млеко и путер. Потоа додадете ги исечканите ореви и малку рум.

Добиената смеса се обликува во вашата омилена форма. Целата торта премачкајте ја со изматената слатка павлака. По желба декорирајте ја со листови бадеми и рендано чоколадо.

Добар апетит и забавно готвење!

IMG_9779.jpg


IMG_9786.jpg

IMG_9793.jpg

IMG_9797.jpg

IMG_9801.jpg

IMG_9823.jpg

Viewing all 34806 articles
Browse latest View live