IMG_9827.jpg
Пукнатина долга дваесетина метри на Камени мост - oд Конзерваторскиот центар смируваат (ФОТО)
Националната установа Конзерваторски центар - Скопје е институција која според својата надлежност врши постојано увид и надзор над сите споменици на културата на територија на град Скопје и околината.
Во нивна надлежност е и Камениот мост, кој претставува заштитен споменик на културата. Деновиве во повеќе медиуми се пишува дека се појавиле пукнатини и се поставуваат прашања дали истите може да претставуваат ризик.
Директорката на Конзерваторскиот центар - Скопје, Ема Петрова-Николовска, вели дека конзерваторско-реставраторските работи на споменикот на културата Камени мост се одвивале во периодот од 1995 до 2005 година, а забележаните пукнатини се веќе одамна евидентирани од стручни лица и истите во континуитет се следат за евентуални промени.
- Доколку стручните лица оценат дека се неопходни интервенции, ќе се постапи според Законот за заштита на културното наследство (истражувачки работи, изработка на конзерваторски проекти во кои ќе бидат вклучени сите релевантни институции што ќе ги утврдат причините и мерките за заштита, по што ќе биде изведени неопходните заштитни интервенции) - за Телеграфвели Петрова-Николовска.
Таа додава дека во овој момент се смета дека пукнатините се појавиле како резултат на денивелацијата на спојот помеѓу елементите од венецот и плочникот и не влијаат врз статичката стабилност на мостот.
Пукнатините на Камени мост се во должина од дваесетина метри од левата страна во правец од плоштадот „Македонија“ кон Старата скопска чаршија.
Поховани маслинки со пиво
Потребни состојки:
- 200г маслинки
- 1 јајце
- Половина чаша пиво
- 150 милилитри масло за јадење
- 100г брашно
- 50г сусам
Се разматува јајцето со пивото, па потоа се додаваат брашното и сусамот.Маслинките се ставаат во смесата да отстојат дури не се загрее маслото на оган.Се пропржува многу кратко на силен оган, а потоа маслинките се ставаат врз хартија за да се исцедат маснотиите.
Масимо Савиќ со два ексклузивни концерти во Скопје
„Авалон продукција“ со огромно задоволство Ви го најавува својот прв проект кој ќе се одржи во 2017 година.
Имено, сигурно најквалитетниот машки вокал на просторот на цела поранешна Југославија, Масимо Савиќ, по пауза од неколку години ќе одржи два суперексклузивни концерта на 17 и 18 февруари 2017 година, во Македонската опера и балет.
Масимо доаѓа повторно во Скопје, на концерти на кои ќе бидат претставени песните од неговиот последен албум, неговите најголеми хитови, како и дел од сега веќе антологистките албуми „Вјештина“ 1 и 2. Бидејќи трет концерт со сигурност нема да има, влезниците за двата концерта одеднаш се пуштени во продажба по цена од 990 денари.
Бидејќи се работи за навистина мал капацитет на сега веќе ексклузивниот простор на МОБ, побрзајте со набавување на вашите влезници, порачуваат од „Авалон“.
ФОТО: Пристигна и последниот воз на Македонски железници
Денеска пристигна и последниот воз за возниот парк на Македонски железници. Станува збор за инвестиција од вкупно 25 милиони евра.
Со ова воедно се заврши процесот на пренесување на возовите и сега се очекува да поминат сите процедури за да можат истите да бидат пуштени во употреба.
Исто така потпишан е и договор за нови локомотиви, инвестиција во вредност о 8,7 милиони евра.
Паралелно се врши и реконструкција на железничките станици на коридор 10 кои се во завршна фаза.
Наскоро поопширно…
„Слатка мистерија 2017“ во хотел „Континентал“
Во петок во хотел „Континентал“ ќе се одржи 11-тата тортијада „Слатка мистерија 2017“, чиј домаќин е општина Гази Баба. Ревијалниот дел ќе биде од 17:00 до 19:30 часот, а официјалниот дел ќе започне по 20 часот, кога ќе бидат претставени натпреварувачите, а ќе има лицитација на тортите и прогласување на победниците.
Учество ќе земат слаткарници и ресторани, кои професионално изработуваат торти, но и заинтересирани граѓани во категоријата аматери.
Во ревијалниот дел, ќе учествуваат 50 аматери и професионалци од девет скопски општини, а спонзорите на своите штандови ќе нудат бесплатна дегустација на своите производи.
Првпат на „Тортијадата“ ќе учествуваат и ученици од општината, кои ќе се натпреваруваат во декорација на торти.
„Тортијадата“ ќе биде проследена со културно-забавна програма и настап на естрадни уметници и актери. Собраните пари од продадените торти ќе бидат донирани на Центарот за деца со посебни потреби во населба Железара.
Ограбена катната гаража Тодор Александров во Скопје
Вчера во 15.30 часот во Полициската станица Центар, вработен во Градски паркинг-Скопје пријавил дека ноќта непознат сторител извршил тешка кражба во катната гаража „Тодор Александров“, лоцирана на улица „Даме Груев“.
Сторителот насилно ги отворил противпожарните складишта и од истите одзел деведесет гумирани црева, педесетидве млазници и пет цевки за млазници.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Пет деца повредени - масовна тепачка меѓу средношколци од Скопје
Вчеравечер во 19.00 часот во ЕИК Скопје е пријавено дека истиот ден со почеток од 13.00 часот во средното училиште „Зефљуш Марку“ се одржал турнир во фудбал на ниво на средни училишта од Скопје.
Во периодот од 13.00 до 14.00 часот играле СДУ „Илинден“ со СДУ „Боро Петрушевски“. Околу 15.30 часот учениците од СДУ “Илинден“ отишле на последна автобуска постојка на бр.9 и тогаш им пришла група од околу 30-тина лица, поголемиот дел ученици во СДУ „Боро Петрушевски“, кои употребувајќи најразлични предмети ги нападнале учениците од СДУ “Илинден“. Истите успеале да избегаат во угостителски објект кој се наоѓал во близина, од каде повикале такси и заминале во СДУ „Илинден“.
Петмина од вкупно девет ученици отишле кај директорот и го запознале со настанат, по што тој во 16.35 часот го пријавил во ЕИК Скопје. Учениците кои се стекнале со повреди, од кај директорот се упатиле ГОБ „Наум Охридски“ за укажување на медицинска помош.
Кај лицата Д.М. (18) и Д.А. (18) биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај Б.С. (18), М.Н. (18) и Н.С. (18) биле констатирани телесни повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Вработени во скопска книжара со години краделе промет
СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.А. (54) од Струмица и Љ.К. (38) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело затајување.
Пријавените во периодот од 2013 до 2016 година, како продавачи во книжара во ГТЦ Скопје, дел од паричните средства од наплатениот готовински дневен промет од извршената продажба на стоки во вкупна вредност од 1.759.024 денари во 127 наврати не ги внеле и уплатиле на жиро сметка на правното лице, туку противправно ги присвоиле за себе.
За сите опијанети од љубов „НОЌ СО ЅВЕЗДИТЕ“ во МНТ
За сите опијанети од љубов „НОЌ СО ЅВЕЗДИТЕ“ во Македонскиот народен театар на 14 февруари во 21 часот.
Првин виновата лоза ќе ја закрои со вистината Сашко Коцев, затоа што во виното е вистината, а потоа повторно ќе се вљубите во вашите сакани со стиховите на Игор Џамбазов и Гуру Харе – Бенд, и концертот на единствената Тамара Тодевска.
Билетите се веќе во продажба
Партер и галерии 1200 денари
Ложа 2000 денари
Сочна и вкусна - грчка баклава
Состојки:
600 гр готови кори за баклава
5 јајца
250 гр шеќер
1 шолја масло
1 шолја кисело млеко
1 прашок за пециво
1 ванилин шеќер
350 гр мелени ореви
Шербет:
4 шолји шеќер
4 шолји вода
Подготовка:
Корите поделете ги на 2 еднакви дела.
Јајцата изматете ги, додадете го шеќерот, маслото, киселото млеко, прашокот за пециво и ванилиниот шеќер.
Редете во плех една по една кора, притоа секоја премачкајте ја со приготвениот фил.
Кога ќе ја потрошите едната половина од корите, ставете 350 гр ореви, па продолжете да редите од другата половина од корите на истиот начин. Последната кора исто така треба да биде намачкана.
Наредената баклава исечете ја пред да ја ставите да се пече. Исто така подобро е малку да постои на ладно место пред печењето, за корите добро да се натопат.
Печете на средна температура.
Шербет:
Шеќерот и водата нека вријат 15тина минути. На топла баклава, ставете од изладениот шербет.
Се бараат Македонци за работа во Абу Даби! Сите трошоци се покриени - плата над 1.300 долари
Would you like to make changes in your life?
If the answers is YES , Kouzon have SUPER offer for you.
Work as a house -manager in Abu Dhabi,live there and get paid for month salary of 5,000 AED (~1.300 dollars).
Other Benefits :
Accommodation provide by the company
Food provide by the company
Visa and ticket provide by the company
Vacation paid
Dont think twice, take this chance!
Start your application now by sending your CV at hr@kouzon.com.mk with subject like house-manager in Abu Dhabi and you will be employed very soon!
Активен до: 28.02.2017
„Мачорот во чизми“, нова претстава на Театарот за деца и младинци
Театарот за деца и младинци од Скопје ги почна подготовките за претставата „Мачорот во чизми“. Адаптација на познатата приказна од Шарл Перо ја направи Горјан Милошевски, според заедничките идеи на режисерот Игор Ивковиќ.
– Претставата е замислена да биде своевидно магионичарско-илузионистичко шоу, преку кое ќе ја пренесеме пораката дека доброто секогаш го победува злото и оти подадената рака на луѓето кои се во неволја е највредната човечка карактеристика. Создаваме вистинска херојска комедија за деца, па и возрасни, исполнета со многу смеа, музика, магија и илузија, објасни режисерот на претставата Игор Ивковиќ.
Главната улога ќе ја толкува Мартин Јордановски, а покрај него играат и Ненад Митевски, Мики Анчевски, Марија Трајановска, Емра Куртишова, Владимир Лазовски, Ана Левајковиќ и Винета Дамчевска. За потребите на претставата, како соработник е ангажиран и македонскиот илузионист и магионичар Гого Реквием.
– Со режисерот Ивковиќ повторно ја обмисливме приказната за „Мачорот во чизми“. Испишав драматизација многу различна од старата бајка. Децата и возрасните ќе можат да гледаат една урнебесна авантура полна и богата со брливи ликови, што сака да ги поттикне да се смеат и уживаат. Текстот пренесува порака како да се сака и сподели животот со нашите пријатели и сакани. Како преку добрина и отворено срце наоѓаме пат до поубав живот. Во оваа драма и претстава ги нема лукавоста, расипаната снаодливост и важноста на материјалните добра кои се истакнати во традиционалната бајка, рече авторот на текстот Горјан Милошевски.
Музиката за претставата ќе ја работи Бојан Петков („Летечки пекинезери“), корегорафијата е на Валентин Апостоловски, а дизајнот на сценографија и костими ќе работи Маре Трајковска.
Со „Мачорот во чизми“, Театарот за деца и младинци почнува со реализација на програмата за 2017 година, во која се предвидени и уште две претстави „Снежната кралица“ во режија на Софија Ристевска и „Во месечевата соба“ во режија на гостинот од Бугарија, Петар Пашов.
Хитот на годината стигнува на главната бина на EXIT, а на Арената нејзиниот најголем DJ тандем досега!
Авторот на еден од најголемите светски хитови во моментов „Human“, британскиот соул музичар Rag'n'Bone Man доаѓа на главната бина на Exit во недела, 9-ти јули!
Светските топ листи и публиката ги освои со длабокиот вокал, искрените стихови и сирови емоции, а многумина предвидуваат дека 2017-та ќе биде негова година. Веќе ја освои овогодинешната BRIT награда во „Critics' Choice“ категоријата, а колку критичарите знаат да ги предвидат успешните кариери, говори фактот дека претходни добитници во оваа категорија се Ellie Goulding, Florence + The Machine и Adele, со која пак и најмногу го споредуваат поради сировата моќ на вокалот.
Rag'n'Bone Man има номинација и во категоријата „British Breakthrough Act“, а еден од директорите на издавачката група Sony предвидува дека албумот „Human“, најавен за 10-ти февруари, ќе биде еден од најпродаваните годинава. Денс Арената на EXIT во петок, 7-ми јули ги дочекува двајцата неприкосновени лидери на светската хаус сцена, Solomun и Dixon, и тоа во специјален тричасовен „back2back“ сет!
На Арената во сабота, 8-ми јули стигнува и официјалниот Faithless DJ Set, кој лично го претставува Sister Bliss, авторката на најголемите хитови на оваа култна електронска група, додека на истото место во четврток, 6-ти јули во живо ќе настапи австралиското хит трио RÜFÜS!
Бесплатно од Скопје до Демир Капија со новиот воз за „Свети Трифун”
Новиот воз во вторник на празникот „Свети Трифун” кој се смета за заштитник на лозарите, бесплатно ќе вози од Скопје за Демир Капија. На тој начин сите заинтересирани ќе можат да бидат дел од традиционалната манифестација посветена на грозјето и производите од него, која ја организира демиркаписката општина.
Како што информираа денеска од Службата за односи со јавноста при локалната самоуправа, возот во Демир Капија ќе пристигне во 10:00 часот, а ќе се враќа за Скопје во 15:00 часот. За време на манифестацијата, на плоштадот ќе има бесплатно јадење и пиење, шведска маса и вино и ракија.
Во рамките на манифестацијата „Недела на традицијата Св.Трифун“, општината организира бројни активности и натпревари за лозарите и за домаќинките. Се стартува утре со подигање на фестивалското знаме, а во Музејот на виното во 19:00 часот ќе има Изложба на фотографии од ископувањата на археолошките локалитети во Демир Капија ( Просек, Стрезов Град, Маркова Кула и Црквиште) 2015-2016 година, од авторот археолог Орданчо Петров.
Во сабота на програмата се натпреварите во закројување и најдобри домашно произведени вина и ракии, како и трибина „Производство на домашно вино и домашна ракија со примена на традиционални и иновативни технологии“” од предавачите магистер Андон Крстевски, директор на винарија „Стоби” и магистер Борис Нечев, енолог во винарија „Бовин”.
За недела е предвидена Мастер клас дегустација за вип личности, на која гости ќе бидат претставници на дипломатскиот кор. Во Кралска винарија „Гама”, ќе се презентираат по две врвни вина (бело и црвено) од винариите од Тиквешкиот регион „Бовин”, „Стоби”, „Гама”, „Тиквеш “и „Повардарие”. Во понеделник е натпреварот за најдобра трпеза со традиционални јадења во винаријата „Гама”.
Централниот настан ќе биде во вторник кога ќе има свечено закројување на винова лоза, базар за традиционални производи и културно уметничка програма. Ќе настапат КУД „Мирка Гинова” и естрадните уметници Блага Петреска, Евто Пупиновски, Јордан Митев, Виолета Томовска, Адријана Алачки, во придружба на оркестарот на „Зајди, зајди”.
Охридското езеро на албанска страна повлечено за 40 метри (видео)
Телевизијата SOT7 објави видео на кое се гледа како изгледа Охридското езеро на албанска страна.
На потегот од градските плажи во Поградец до Тушемиште, водата е повлечена за околу 40 метри, а во длабочина за околу еден и пол метар.
Диви трки по скопските улици: Дали Скопје има потреба од отворање мотопист?
Веќе неколку години скопските улици се претворени во автодром на кој се одвиваат автотрки, кои претставуваат опасност како за пешаците, така и за другите учесници во сообраќајот.Иако трки има насекаде низ скопските улици, тие се најинтензивни во населбата Карпош, кај трговскиот центар „Сити мол“ и по должината на булеварот „Партизански одреди“, на паркингот кај „Веро 2“ во Тафталиџе и на булеварот „Февруарски поход“ во населбата Ново Лисиче.
За организирањето трки по скопските улици и булевари се свесни и од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).
- Голем е бројот на лица љубители на брзото возење, односно управување на возилата или мотоциклите со големи брзини. За да ги задоволат својата потреба и желба за брзо возење, тие најчесто ги користат сообраќајниците во градот на кои се одвива хетероген сообраќај, во смисла, се движат и други моторни возила, велосипедисти, мотоциклисти и пешаци. Сите овие категории на учесници се изложени на висок степен на ризик да настрадаат од лицата што се движат со големи брзини - за Нова Македонија објаснува Зоран Јошевски, универзитетски професор и член на РСБСП.
Кога ќе се земе предвид сето ова, се поставува прашањето дали Скопје има потреба од отворање мотописта, на која вљубениците во адреналинските спортови ќе можат да ги тестираат можностите на своите мотори и возила?
Отворањето една таква писта, според Јошевски, пред сѐ би ја зголемило безбедноста во сообраќајот за сите категории на учесници.
- Отворањето на специјализирана мотопатека, која би ги задоволувала сите безбедносни аспекти, може да помогне некои од овие лица зависници од големи брзини своите потреби да ги задоволат на оваа патека, односно да се тргнат од улиците во градот, а на овој начин би се зголемила безбедноста во сообраќајот, особено на ранливите категории учесници во сообраќајот - смета универзитетскиот професор.
Од мотоклубот „Ноќни волци“ истакнуваат дека отворањето мотописта ќе придонесе за зголемување на безбедноста во сообраќајот, како за моторџиите, така и за пешаците.
- Отворање специјализирана мотописта ќе доведе до зголемување на безбедноста во сообраќајот. Во моментов, особено за време на ноќните трки низ градските улици, без специјализирана писта се изложуваат на ризик вљубениците на адреналинските спортови и пешаците - велат од „Ноќни волци“.
Оттаму додаваат дека изградбата на мотописта на моторџиите ќе им овозможи тестирање на брзината на своите возила, без притоа да се ризикува безбедноста на жителите на градските средини.
- Изградбата на мотописта е потребна и поради недоволно квалитетните улици, на кои многу често може да се најдат голем број дупки и нерамнини што може да доведат до оштетување на моторите - додаваат од мотоклубот „Ноќни волци“.
Покрај моторџиите, негодување за немањето посебна мотописта изразија и автомобилистите, кои, иако се свесни дека претставуваат опасност за пешаците и за другите учесници во сообраќајот, веруваат дека ќе ја добијат оваа „битка“ со надлежните органи.
- Неколкупати неделно се собираме сите љубители на автомобилизмот на паркингот кај „Веро 2“ во Тафталиџе. Таму ги договараме трките, но поради ризикот и опасностите што ги носи возењето по градските улици, најчесто решаваме нашата пасија да ја спроведуваме на обиколница, каде што сообраќајниот метеж е помал. Често се среќаваме и со полициската контрола, која нè брка, но немаме намера да престанеме да се тркаме и затоа бараме надлежните да ни отворат соодветна патека на периферијата на градот, каде што нема да вознемируваме и нема да му пречиме никому - вели сопственик на спортски автомобил марка „ауди ТТ“, кој сакаше да остане анонимен.
Сепак, останува непознато дали надлежните органи ќе ги прифатат овие апели и дали ќе се погрижат Скопје да добие мотопатека на која зависниците од адреналин ќе можат да се тркаат, да ги тестираат сопствените граници и да ги откријат можностите и капацитетите на своите брзи „миленици“.
Скопјанка заврши во болница, претепана и малтретирана од нејзиното момче од Турција
Девојка заврши во болница откако нејзиното момче ја малтретирало и тепало во неговата соба.
Вчеравечер околу 23.00 часот на Градскиот плоштад во Штип, по претходно договорена средба помеѓу А.А.(23) од Р.Турција и неговата 20-годишна девојка од Скопје,и двајцата студенти со привремен престој во Штип, заедно заминале во неговиот дом.
Кога влегле истиот веднаш ја заклучил вратата од собата, го сокрил клучот и почнал да ја навредува упатувајќи разни заканувачки зборови. Исто така, ја удирал со раце во пределот на лицето и телото. Во еден момент истата успеала да и напише СМС порака на нејзината другарка каде се наоѓа, од чија страна била повикана полиција. Полициски службеници излегле на местото на настанот, при што оштетената е затекната во собата на А.А., каде противправно ја држел и малтретирал околу половина час. Истата е пренесена во Болница Штип, каде и се констатирани телесни повреди и е пуштена на домашно лекување. А.А. е лишен од слобода и задржан во ПС Штип за понатамошна постапка.
Драма во Скопје: Влегол кај соседот и си зарил нож во стомакот
Крвава драма се одвивала синоќа во Скопје кога скопјанец влегол во станот на својот сосед и се прободел со нож. Во 10 часот и 57 минути во текот на вчерашниот ден било пројавено во полициска станица дека во стан на булеварот „Партизански Одреди“, скопјанецот Б.В. го затекнал неговиот сосед, 64-годишниот Љ.А. кој се прободел со нож во пределот на стомакот.
Истиот со Итна медицинска помош бил префрлен во Ургентен центар Скопје каде е примен и задржан за понатамошно лекување, информираат од полицијата.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Упаднал на час: Скопајнец го претепал партнерот по танц на својата девојка
Околу 21.00 часот синоќа во Скопје на улицата „Бел Камен“ во студио за модерен танц, додека траел часот дошол Б.Р. од селото Батинци, насилно ја отворил влезната врата и се упатил кон 23-годишниот Н.В. од Скопје. Насилникот го нападнал, а откако присутните успеале да ги раздвојат, Б.Р. излегол надвор и повикал уште две лица по што сите заедно влегле во објектот, насилно го изнеле скопјанецот надвор и започнале да го удираат со тупаници и клоци во пределот на телото.
Полицијата информира дека по нападот напаѓачите со возило побегнале во непознат правец. Н.В. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клинички центар Скопје каде му биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.
Причина за нападот било тоа што Н.В. вежбал со 19 годишна девојка која е во љубовна врска со насилникот.