Во понеделникот во Полициската станица Гази Баба, вработена во Јавната установа „Ранка Милановиќ“ пријавила дека на 28.12.2018 часот од домот во непознат правец самоволно се оддалечил нивен штитеник, 19-годишниот Ж.Р. од Скопје. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето.
Исчезна штитеник од домот „Ранка Милановиќ“
Првите кондоми од автомат кај Ристиќева палата
Кон средината и крајот на шеесеттите години започнаа да се продаваат првите кондоми од автомат. За да биде приказната уште поинтересна, автоматот се наоѓаше на многу фреквентно место, во самиот центар на градот, кај Ристиќевата палата, од страната на денешното кафуле "Тренд", раскажува скопскиот хроничар Данило Коцевски.
Веднаш до автоматот се наоѓаше берберската задруга "Хигиена", во која работеа повеќемина познати скопски бербери. Денес е многу полесно и поедноставно да го изговорите зборот кондом, бидејќи тој се слуша насекаде. Разни невладини организации ги делат кондомите бесплатно, постојано се одржуваат семинари со совети за сигурна заштита, на разни тркалезни маси и конференции просториите се преплавени со нив.
Медиумите, исто така, имаат своја функција во таа пропаганда. Но, ајде да ве видам да го изговоревте тоа име некогаш, без да поцрвените во образите и без да ве фати срам. Иако немаше причина за тоа. Кондомите се купуваа во трафиките, но и во некои од поголемите колонијални продавници. И, се разбира, нивното име беше поинакво од денешното. Се продаваа под името "рис", според истоимената фабрика од Загреб која ги произведуваше.
Ако ги купувавте од автомат, работата изгледаше поедноставна. Соочени сами со автоматот, не мораше ништо да зборувате, ниту некому нешто да му објаснувате. Но дали тоа навистина беше така? Ристиќевата палата отсекогаш е најфреквентното место, со многу минувачи, а и дел од скопското корзо беше таму, особено по земјотресот.
Во тие шеесетти години плоштадот беше преполн со возила кои се движеа по него, минувајќи преку Камениот мост. Автоматот беше конспиративен, но и им даваше инспирација на скопските мангупи да си тераат шега. За тоа се останати многу анегдоти. Него, главно, го користеа мажи, а повремено и по некоја припадничка на понежниот пол.
Токму кога ќе се појавеше таа, неопитна во начинот на употребата на автоматот, мангупот ќе и дадеше совет: "За правилна употреба на апаратот, потребно е да знаете колкава е големината на органот ... Дали ја знаете?"Се разбира, дамата ќе избегаше вцрвенета и разочарана од трнливиот пат по кој се доаѓа до автоматизираната и развиена Европа. Кондомите во автоматот беа единечни, во вид на блескаво спакувани чоколатца.
Многу скопски феномени денес неправедно се заборавени, а токму тие му даваа посебен шарм и белег на градот. Првата бензинска пумпа по војната се наоѓала на просторот помеѓу денешниот ресторан "Пелистер"и Стоковната куќа. Таа била многу егзотична - имала тркало и чекрек.
Еден познат скопјанец, кој возел олдтајмер, откако ќе наполнел бензин, извикувал: "Урнете ја куќата на аголот, не можам да свртам со 'шевролетот'". Првата јавна телефонска говорница во Скопје била поставена пред војната, во 1935 година. Се наоѓала на Плоштадот, пред некогашниот ресторан "Метропол".
Како Македонија се најде на листата на 28 дестинации вредни да се посетат во 2019 година
Национална географија неодамна ја предложи Македонија како една од 28 дестинации за најдобрите патувања во 2019 година.
Земјата ја опишаа со кратки неколку реченици: Македонија нема излез на море, но е многу богата со планини и езера. Високи врвови, длабоки клисури и водопади ги красат трите национални паркови во земјата: Галичица, Маврово и Пелистер.
Се поставува прашањето, како Македонија се најде на листата на 28 дестинации вредни да се посетат во 2019 година.
„Всушност Македонија беше на нашиот радар во последните неколку години. Секогаш бараме места кои можат да се опишат во суперлатив. Оваа година Македонија ни го привлече вниманието и со дебатата за промена на името. Македонија ја сместивме во категоријата на авантуристички дестинации, иако земјата има многу археолошки, историски и културни богатства, сакавме да ја нагласиме нејзината авантуристичка страна,“ вели Алипио за Гласот на Америка на македонски.
Преспанскиот договор и решавањето на спорот со Грција го привлеко вниманието на „Нешнл географик“ пред да одлучи Македонија да ја стави во топ-28 дестинации за патување во 2019-та.
Неодамнешните вести за долготрајниот спор на Македонија со Грција го свртија вниманието кон малата балканска нација, пишува во најновото издание на Национална географија кое ја предлага Македонија како една од 28 дестинации за најдобрите патувања во 2019 година
Што ќе се смени со имплементацијата на законот за употреба на јазиците?
Двојазични униформи на полицајците, пожарникарите, лекарите и медицинскиoт персонал како и двојазични судски процеси. Ова станува законска обврска. Ќе се интервенира и на македонскиот денар – и книжните и кованите пари ќе добијат албански симболи.
Ова значи дека Законот за јазици може да стане уште една кочница во оваа клучна сфера за македонските евроинтеграции. Меѓу другото и униформите на специјалните единици на полицијата, пожарната и здравствените работници во Скопје и во другите градови каде Албанците се присутни со над 20 отсто од населението ќе бидат двојазични. Законот за употреба на јазиците кој денеска беше објавен во Службен весник, предвидува основање на Агенција за примена на јазикот што го зборуваат 20 отсто од граѓаните, која ќе биде финансирана од државниот буџет. Предвидено е и формирање на Инспекторат за употреба на јазиците во рамки на Министерството за правда, а ќе се регулира со посебен закон.
Личните документи и патните исправи на граѓаните кои зборуваат на јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо, по службена должност се издаваат на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо.
Во член 13 е уредена материјата за јазикот и писмото на печатење на образецот на личната карта. Имено, на граѓаните кои зборуваат јазик различен од македонскиот јазик што го зборуваат помалку од 20% од граѓаните на Република Македонија, образецот на личната карта се печати и на јазикот и писмото што го употребува граѓанинот. На граѓаните кои зборуваат јазик различен од македонскиот јазик што го зборуваат помалку од 20% од граѓаните на Република Македонија, на нивно лично барање, податоците за личното име што се внесуваат на личната карта се запишуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот и писмото што го употребува граѓанинот.
Ќе следи глоба во износ од 4.000 до 5.000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе се изрече на централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања согласно закон, како и сите други институции за непочитување на одредбите од законот за употреба на јазиците, предвидува новата регулатива која веќе стапи на сила.
„Глоба во износ од 30% од одмерената глоба ќе му се изрече на службеното лице и одговорното лице во органите од став 1 на овој член“, пишува во законот.
Новороденчињата во Скопје се уште не добија дрво на кое ќе стои нивното име
Новороденчињата во Скопје не добија дрво на кое ќе стои нивното име како што лани на 2 април најави градоначалникот Петре Шилегов. Градоначалникот Шилегов на прес-конференција за најава на проектот рече дека во текот на месец април во пролетната акција за зазеленување на Скопје, на дрвјата ќе бидат поставени плочки на новороденчињата, пишува СДК.
Ниту во пролетната, ниту во есенската акција кога се садеа дрвја низ градот не беше поставена плочка со име на новороденче. Досега од родители до Град Скопје стигнале 258 барања нивното дете да добие дрво.
Градоначалникот Шилегов вели проектот ќе се реализира штом се стопи снегот.
„Временските услови не спречија, беше сè готово дури изработени се таблите. Кога ќе се тргне снегот ќе можеме да го презентираме. Инаку беше во план за презентација пред да почнат снежните врнежи“, вели Шилегов.
Лани на 2 април Шилегов потпиша меморандум за спроведување на проектот со гинеколошко-акушерските клиники во Скопје. Тогаш беше кажано дека родителите кои сакаат нивното дете да има дрво на кое ќе стојат неговите податоци ќе можат да се пријават во Град Скопје. По напуштање на гинеколошката клиника, родителите ќе треба да го пријават добиениот кодот на телефонскиот број 071/395-395, каде што потоа ќе ги добијат дополнителните информации.
„Заедно со гинеколошко-акушерските клиники и ЈП ’Паркови и зеленило‘ ја почнуваме реализацијата на проектот ’Дрво за секое дете‘. Преку овој проект, им овозможуваме на нашите сограѓани да засадат дрво во чест на раѓањето на нивното бебе, на некој од градските дрвореди, паркови или скверови. На дрвото ќе има плочка каде што ќе го пишува името на детето и датумот на раѓање. Низ годините, секој што засадил дрво ќе може да го следи растот на дрвото заедно со неговото дете“, рече лани Шилегов.
Тезгите се ретчат, пазарџиите најавуваат протест
Со новиот закон за зелени пазари секој закупец на тезга треба да плаќа годишна лиценца од 60 евра, а за секоја дополнителна плус 40 евра.
Пазарџиите велат дека лиценци не вадат, и дека инспекции на пазарите се уште нема, но веќе се забележува дека тезгите на пазарите се се попразни.
Вчера од комората на трговци кажаа дека законот веќе почнал да се спроведува, и уверуваа дека ова е добро законско решение. Сепак издавањето на лиценци оди слабо – досега издадени се околу 50.
Организаторите на пазари најавија за в потек бојкот на законот. Нема да склучуваат нови договори за закуп на тезги. Со дописи до економскиот тим на Владата, како и самиот премиер, ќе бараат законот да се одложи или измени.
Министерот за економија вчера кажа дека дописот стигнал до него, но тој не е вистинската адреса каде треба да се обратат. Тој може да им помогне само во делот на измена во правилниците, но не и на целиот закон.
Пензионерите, социјалците, стечајците и хонорарците, нема да можат да работат.
Пожар во куќа во Скопје: Сопственикот приведен бидејќи пијан ги попречувал пожарникарите во работата
Министерството за внатрешни работи информира дека вчера околу 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „3-та Македонска Бригада“ во Скопје избувнал пожар во куќата сопственост на О.Е.(62) од Скопје.
-Бидејќи сопственикот, кој бил под дејство на алкохол и го нарушувал јавниот ред и мир и им ја попречувал работата на припадниците на Бригадата за противпожарна заштита, бил приведен во Полициската станица Аеродром, информираат од МВР.
Увид на местото ќе се врши во текот на денот.
Град Скопје ќе го помага планот за чист воздух со инспекциски надзор, зазеленување, загревање и транспорт
Инспекцискиот надзор, зазеленувањето, загревањето на домовите и транспортот се четирите сегменти од Планот за чист воздух што се во надлежност на Град Скопје, а за кои се разговараше на денешниот отворен ден за иницијативи на граѓанските организации на тема „Консултација за Планот за чист воздух за 2019 година и временската рамка за спроведување на истиот“, што се одржа во Владата на Република Македонија.
- Ги засиливме инспекциите на сите потенцијални фактори на загадување. Во секторот инспекторат воведовме сменско работење и дежурства кои започнуваат од 6 часот наутро, па до крајот на денот, како и за време на празниците и викендите. Ова предизвика двојно зголемување на казните и опомените, а постигнавме и видливи резултати, значително подобрени во однос на претходните години. Во октомври 2018 година бројот на казните е двојно зголемен во однос на октомври 2017 година. Изречени се околу 220 казни, мандатни казни и налози до извршителите во однос на загадувањето на воздухот и загадувањето на средината. Голем е и бројот на пријави на телефонскиот број 193 на кој се пријавуваат огновите на отворено, а на кој работи тим од социјален работник, пожарникар, полицаец и комунален инспектор кои излегуваат на лице место. Според планот за работа на инспекторите за животна средина на Град Скопје, извршени се по две редовни контроли на сите 40 инсталации кои подлежат на Б–Интегрирана еколошка дозвола, за кои е надлежен Град Скопје. Контролите се интензивирани на градилиштата, со посебен акцент на централното градско подрачје. Се контролираат и другите поголеми градилишта во другите општини, како на територијата на Општина Аеродром каде што се сконцентрирани најголемиот број од градилиштата во моментов. Притоа се контролирани 51 градилиште и врачени се 8 казни и записници за миење на гумите, миење на улиците пред градилиштата и покривање на камионите кои излегуваат од градилиштата со церади – рече Никола Наумоски, раководител на Секторот за поддршка на градоначалникот на Град Скопје.
Неексплодирана граната пронајдена во Батинци
Вчера во 19.45 часот во СВР Скопје, Н.Н.(35) од село Батинци, скопско, пријавил дека на стариот пат за село Батинци, каде што се врши дотур на земјиште, била пронајдена неексплодирана граната (најверојатно од Прва или Втора Светска Војна).
Известена е Дирекција за заштита и спасување за понатамошна постапка.
Деведесет и двајца пријавени за фаќање на крстот во Вардар во Скопје
Деведесет и две лица досега се пријавени за учество во традиционалното спуштање на крстот на 19 јануари на Богојавление – Водици во Вардар во центарот на Скопје, информираа за МИА денеска од Скопската епархија.
Пријавувањето почна на 2 јануари, а завршува денеска.
Спуштањето на крстот во водите на Вардар ќе биде на 19 јануари напладне од мостот кај хотелот „Холидеј Ин“ и ќе го изврши поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан.
Претходно, архиепископот г.г. Стефан во 9 часот ќе богослужи Златоустова литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“, а во 11:45 богојавленски литии ќе се упатат кон местото каде ќе се одржи традиционалната верска манифестација.
Швеѓани ќе и судат на Македонија на решавачкиот натпревар со Исланд
Шведските судии Мирза Куртагиќ и Матијас Ветервик ќе ја делат правдата на денешниот натпревар меѓу Македонија и Исланд кој ќе го одлучи третиот патник од Б-групата меѓу 12-те најдобри на ракометниот Мундијал.
На македонските ракометари им е потребна победа, додека на Исланд ќе му биде доволен и нерешен резултат за пласман во следната фаза.
Двојката Куртагиќ – Ветервик досега судеа средби од А-групата: Бразил – Франција 22:24, Русија – Германија 22:22 и Србија – Кореја 31:29.
Натпреварот Македонија – Исланд се игра вечер во Минхен со почеток во 18 часот.
Раул: Исланд е силен противник, но верувам дека можеме да го победиме
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалез по поразот од Шпанија изјави дека почетокот на второто полувреме бил клучен за поразот, кога противниците направија серија од 5-0 и поведоа со 6 гола разлика.
– Секогаш е тешко да се игра против Шпанија, бидејќи, според мене, тие ја имаат најдобрата одбрана во светот. Одигравме одличен прв дел и губевме еден разлика, но на почетокот на второто полувреме загубивме три топки за 30 секунди и го загубивме натпреварот. Потоа решив да ги променам клучните играчи за да ги сочуваме за клучниот натпревар утре, зашто знаев дека немаме шанса, изјави Раул на пресот по мечот.
Во однос на денешниот меч против Исланд, слекторот на Македонија смета дека ако играме како вчера во првото полувреме, имаме реална шанса за победа над „рибарите“.
– Исланд е силен противник, но верувам дека можеме да го победиме. Треба да се одмориме, па да разговарам со ракометарите како се чувствуваат физички, па потоа ќе анализираме и ќе се подготвуваме, заврши Раул.
Јавноста исклучена од „Монструм“, во судницата се слушаат телефонски разговори
Со внесување на исказите на родителите на жртвите и другите материјални докази во записник за главен претрес почна денешното рочиште за предметот „Монструм“ на СЈО за петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година.
Постапката продолжи со прикажување на доказите обезбедени со посебни истражни мерки при што, судијата Огнен Ставрев ја исклучи јавноста.
За убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута, но Врховниот суд ги укина пресудите и случајот минатата годна почна од почеток, откако го презеде СЈО.
Зимско издание на фестивалот „When in Krusevo“
Од 8 до 10 февруари во Крушево ќе се одржи зимското издание на фестивалот „When in Krusevo“ („Кога си во Крушево“).
Уникатниот фестивал на отворено „When in Krusevo“ во зимски услови ќе понуди адреналинска снежна авантура низ прекрасната крушевска природа во снежно руво.
Фестивалот вклучува: чист воздух, фото тура, рекреативна пешачка тура, можност за обука за скиење и санкање, зимски тандем параглајдинг, дегустација на вкусни крушевски специјалитети и луда забава, најавуваат организаторите.
Летното издание на фестивалот се одржа кон крајот на јуни и почетокот на јули 2018 година и на него учествуваа гости од повеќе земји.
Изберете еден симбол и дознајте што ве чека во иднината
Дали нешто ве мачеше во претходниот период? Дали се обидувате да откриете што ви е потребно за да се мрднете од место и да напредувате.
Овој тест ќе ви открие како стојат работите... Кој симбол највеќе ви го привлекува вниманието?
Лав
Лавот ја симболизира вашата потреба да имате контрола над својата судбина. Овој избор укажува на тоа дека сте направиле сѐ за да живеете добро, но сепак се чувствувате заробено и имате чувство дека не можете да продолжите понатаму. Ве грижат прашања околу тоа што да правите и како да продолжите и дали треба да одите по друг пат. Морате да прифатите дека вашиот живот е токму онаков каков што треба да биде, а кога ќе се помирите со тоа, ќе ви се отворат и други можности. Сите вашите досегашни избори се направени со причини и морате да се синхронизирате со тоа спознание.
Песочен часовник
Доколку го избравте овој симбол, тоа значи дека се чувствувате заробени во времето. Премногу сте свртени кон иднината и некое болно искуство. Се чувствувате како да се гушите, немате енергија и помирени сте со тоа дека вашиот живот не е убав. Но, верувајте дека можете да се помирите со минатото и да продолжите понатаму. Ќе бидете посилни од порано и сите трагедии во суштина се лекции за иднината. Живејте во сегашноста, затоа што кога тоа ќе го научите, времето ќе стане ваш пријател.
Месечина
Ако го избравте овој симбол, тоа значи дека вашето срце моментално е како воено поле. Нешто силно во вас не ви дозволува да имате мирен сон или ве мачи несоница. Дали е тоа омраза, лутина или само страст? На вашиот дух му е потребен мир и најдобар начин за тоа е да ги изнесете чувствата на виделина. Признајте си себеси, но и на другите луѓе, како се чувствувате. Кога не се тајни, чувствата не нѐ јадат одвнатре, а нивното потиснување ви носи повеќе штета отколку корист.
Клуч
Ако го избравте клучот, тоа значи дека на вашиот дух очајно му се потребни одговори. Сѐ што мислевте и во што верувавте одеднаш е ставено на испит. Можно е да се уморивте од потрагите по вистината и точните одговори. Можеби и веќе ви е здосадено од сето тоа. Време е да се впуштите во авантури и така да ја спознаете и другата страна на животот. Наскоро ќе забележите одредени манифестации кои ќе ви помогнат да го совладате моменталниот период. Неопходно е некаде да отпатувате, макар и на еден еден.
Рака
Овој избор укажува на тоа дека сте опкружени со негативна енергија. Вашиот дух тежнее да се ослободи од тоа и ако забележувате чудни работи, тоа значи дека нешто одвнатре се обидува да ве предупреди. Но, интересно е тоа што ние секогаш сме заробени од нешто, но секогаш имаме избор да се ослободиме од тоа. Патот кон ослободувањето подразбира простување и љубов, прво кон себе, а потоа и кон другите. Пронајдете време за луѓето кои ги сакате и време за одмор.
Купувачите се жалат на неквалитетна бела техника: Кои се вашите потрошувачки права, кога смеете да го вратите производот?
Сте купиле нова машина за перење алишта, но после еден месец не работи како што треба.
Треба да го вратие во салонот за бела техника. Дали ќе ви дадат нова или ќе ја поправат старата? Дали го чувате гарантниот лист и фискалната сметка?
Мобилните телефони и машините за перење се најчести предмети за чија неисправност се жалат купувачите. Од Организацијата на потрошувачи на Македонија информираат дека во поплаките стигнати до нив, купувачите често наведуваат дека техничките производи покажале одредена неисправност уште при првото вклучување.
Голем дел од поплаките се упатени и на сметка на салоните за мебел. Купувачите се жалат на неквалитетна изработка, кратко по купувањето се случувало да се искине производот, да избледи, или пак, бојата на едно парче мебел воопшто да не се совпаѓа со целата гарнитура.
“Кога предметот е целина и дел од предметот ако не е усогласен, потрошувачите имаат право да го раскинат, а се случува продавачите да не им дозволуваат да го раскинат договорот”, велат од Од Организацијата на потрошувачи на Македонија.
Од Организацијата сметаат дека граѓаните во земјава не се доволно информирани за своите права како потрошувачи. На пример, ретко кој знае дека при купување облека, обувки или други производи за кои што не добиваме гарантен лист, истите имаат гаранција за квалитет од шест месеци. За таа цел, во рамки на Програмата за заштита на потрошувачи, се организираат конференции и се изработуваат брошури во печатена и електронска верзија, каде потрошувачите може да се информираат за своите права.
Според Законотза потрошувачи, за да ги оствари своите права, потрошувачот е должен да приложи фискална сметка за производот, односно јасно видлива и читливо напишана сметкопотврда или фактура, а за оние производи кои се под гаранција и гарантен лист.
Ова се правата на потрошувачите и трговците ако дојде до рекламација на производ:
Кои се обврските на трговецот?
Трговецот или производителот е должен да го прими производот со недостаток од потрошувачот и да ги задоволи неговите барања, освен ако не докаже дека недостатоците на производот настанале поради повреда на правилата за употреба и чување од страна на потрошувачот, трети лица или виша сила.
Доставувањето на производи погабаритни од 1м3, или потешки од 10 кг, заради поправка, процена, замена или враќање на потрошувачот, се остварува бесплатно од страна на трговецот.
Во случај на неисполнување на оваа обврска и во случаите кога во местото на живеење на потрошувачот нема трговец или производител, доставувањето и враќањето на производот може да го направи самиот потрошувач. Во таков случај, трговецот е должен да му ги надомести неопходните трошоците кои се поврзани со доставувањето и враќањето на производите.
Пример: Доколку производот е купен во Скопје, а потрошувачот живее во Тетово каде што нема овластен сервис, во тој случај потрошувачот самостојно го носи производот на сервисирање во Скопје, а за таа цел трговецот треба да му ги надомести трошоците поврзани со доставувањето на производот.
Рокови и начин на отстранување на недостатоците
Недостатоците кои се откриени од страна на потрошувачот, трговецот мора да ги отстрани во рок од 30 дена од моментот на поднесувањето на барањето од страна на потрошувачот или по добивањето на решение од надлежниот инспекциски орган со кое е наредено трговецот да ги отстрани недостатоците во определен рок.
За производите кои служат за потрајна употреба, трговецот е должен, по приемот на барањето од потрошувачот, веднаш да му достави соодветен производ кој потрошувачот ќе го користи за време на поправката на производот.
Во случај на отстранување на недостаток на производот, гарантниот рок се продолжува за времето во кое производот не е користен. Ова време се пресметува од денот на барањето на потрошувачот за отстранување на недостатокот.
Во случај на отстранување на недостатоци со замена на производот кој се склопува или е оставен дел на производот за кој се утврдени гарантни рокови, гарантниот рок за новиот производ почнува да тече од денот кога на потрошувачот му е испорачан производот чиј недостаток се отстранува.
Ревизија на цената
При раскинување на договорот со потрошувачот, а во случај ако во меѓувреме дошло до зголемување на цената на производот, се врши ревизија на цената на производот, при што се зема предвид цената на производот во моментот на истакнувањето на барањето, а во случај ако во меѓувреме дошло до намалување на цената на производот, тогаш се зема предвид цената на производот во моментот на купувањето.
При замена на производот со недостаток со производ со друга трговска марка, тип, индустриски дизајн или ознака за потекло и географска ознака на производот, во случаи кога цената на производот е зголемена, ревизијата на цената на производот се врши врз основа на цената на производот која важи во моментот на замената.
На потрошувачите на кои производот им е продаден на кредит, во случај на раскинување на договорот за продажба, им се враќа паричниот износ кој на име на плаќање на кредитот е уплатен до моментот на враќање на производот, а се надоместува и износот што е платен за добивање на кредитот.
Џон Ленон: „Животот е она што ти се случува додека ти правиш други планови!“
Џон Ленон е еден од најпознатите музичари на сите времиња. Неговиот живот прерано беше одземен откако беше убиен од еден свој обожавател. Тој беше и многу општествено активен и се бореше за подобар свет.
Во продолжение прочитајте неколку негови познати мисли:
Животот е она што ти се случува додека ти правиш други планови.
Реалноста во голем дел зависи од фантазијата.
Времето кое си го потрошил во уживање, не е потрошено време.
Замисли кога сите луѓе би живееле во мир. Можеби сум сонувач, но не сум единствениот.
Колку повеќе гледам, толку помалку знам.
Секогаш треба да ја оставиме надежта да живее, затоа што без неа ќе потонеме.
Сонот кој самиот го сонуваш е само сон. Сонот кој го сонуваш со некој друг е реалност.
Искреноста можеби нема да ти донесе многу пријатели, но ќе ти ги донесе оние вистинските.
На крајот сѐ ќе биде во ред. Ако не е во ред – тогаш не е крај.
Својот живот брои го во насмевки, а не во солзи.
Загадениот воздух денеска уште во раните часови урива рекорди
Загаден воздух денеска уште во раните часови урива рекорди. Концентрацијата на ПМ10 честички во воздухот измерена во 10 часот е алармантна. Мерната станица во Битола покажува дека таму жителите дишат отров бидејќи концетрацијата на ПМ10 честички изнесува дури 309 mg/m3.
Во Струмица изнесува 278 mg/m3, во Тетово изнесува 202 mg/m3. Во населбата Карпош до 10 часот концетрацијата изнесуваше 198 mg/m3, додека пак во Гостивар е 193 mg/m3.
Ова е што може да се види според мерните станици по градовите каде што работат. Додека во Лисиче и Гази Баба се уште граѓаните не знаат колку загаден воздух и се какви отрови дишат, знаејќи дека овие две општини се меѓу најзагадените во државата.
Порака на денот: Ако се плашиш од љубовта, значи дека се плашиш од животот
Живот како живот. Често ни го крши срцето, а уште почесто нѐ разочарува.
И тогаш ние се откажуваме. И почнуваме да се затвораме во себе. Бегаме и од помислата да имаме чувства кон што било.
И да, луѓето често разочаруваат. Луѓето лажат. Луѓето мамат.
Но, што е животот без оние неколку избрани луѓе на кои секогаш можеме да се потпреме?
Што е животот без пеперутки во стомак, долги прегратки и слатки бакнежи?
Ние не се плашиме од љубовта, се плашиме од лошите луѓе. Но, кога се затвораме и бегаме од љубов, ние не бегаме само од лошите луѓе, бегаме и од добрите.
Кога го затвораме срцето, го затвораме и за лошите луѓе, но и за добрите.
А кога го затвораме срцето за љубовта, го затвораме срцето и за животот.
Ако се плашиш од љубовта, значи дека се плашиш и од животот.
Затоа што љубовта му додава боја на животот, го тргнува сивилото и носи виножито.
Животот не е за плашење, животот е за живеење.
Има многу добри луѓе околу вас, само треба да го отворите срцето и очите.
Да живее љубовта, да живее животот!
Мудрост за помнење: Зборови кои лекуваат
Си бил еден светец кој шетал и додека поминувај покрај едно мало село, му пришла една расплакана жена која го молела да му помогне на нејзиното дете.
Отишол во селото и околу него се собрала група луѓе, затоа што ретко се гледале такви луѓе во селото. Му го донеле болното дете, а тој над него изговорил една молитва.
Еден човек рекол: „Зарем навистина мислиш дека твојата молитва ќе му помогне кога ни докторите не можеа да му помогнат?“
А светецот му рекол: „А што знаеш ти за овие работи? Ти си една обична будала!“
Човекот многу се налутил и одеднаш неговото лице поцрвенело и тој почнал да се тресе.
Во моментот кога сакал нешто да му каже и да го нападне светецот, светецот му пришол и му рекол: „Ако еден збор има толкава сила да направи да бидеш толку лут и да се тресеш од лутина, зошто некој друг збор не би имал моќ да излечи?“
И така тој ден светецот излечил двајца луѓе.