Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all 34576 articles
Browse latest View live

Изменет сообраќаен режим за Водици во Скопје

$
0
0

Изменет сообраќаен режим ќе биде воведен утре за празникот Водици на одредени сообраќајници во централното градско подрачје на Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром, соопшти МВР.

Во периодот од 10 часот па до завршувањето на манифестацијата по повод Водици, во центарот на Скопје за сообраќај ќе бидат затворени улиците Филип Втори до булеварот Гоце Делчев и улицата Кеј 13-ти Ноември до булеварот Кочо Рацин.

Во општината Ѓорче Петров од 10 часот за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“ десно по булеварот Партизански Одреди, десно по улицата Ѓорче Петров, лево по улицата Васил Чакаларов, како и од црквата „Свети Пантелејмон“ по улицата Демир Трајко и лево по улицата Васил Чакаларов до Железничкиот мост на реката Вардар.

Во општина Аеродром од 10 часот за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон село Лисиче.


Утрово сообраќајка во Карпош

$
0
0

Сообраќајна несреќа во која учествувале две возила се случила денес околу 10 часот во скопски Карпош, потврдуваат од МВР за Курир.

Од полицијата информираат дека несреќата се случила на улицата „Бледски договор“ меѓу два автомобили, „Пежо“ со скопски и „Форд“ со битолски регистерски ознаки.

Според досегашните информации на полицијата, во несреќата нема повредени лица.

Најголеми оптимисти во хороскопот: 5 карактеристики на Стрелците

$
0
0

Ако имате Стрелец во животот, знаете дека со нив работите не се црно-бели!

Ова се 5 најважни карактеристики на Стрелците

Авантуристи

Никој не е совршен, па ни тие. Но, ако барате авантура, тие се совршениот партнер за тоа. За 1 минута ќе организираат цело патување на крајот на светот, или ќе ве натераат да го промените мислењето и да ја поминете цела вечер забавувајќи се. Ако барате луда авантура, знаете кому да се јавите.

Постојан хумор

Стрелците се весели оптимисти кои секогаш гледаат позитивно на животот. Тие не сакаат да се оптоваруваат со негативни мисли и црни сценарија и затоа секогаш ќе ги видите како се насмеани, дури и кога работите не се најсјајни во нивниот живот.

Не трошат време на глупости

Ако некој не ги прифаќа или не ги сака онакви какви што се, тие одат напред. Ако доживеат еден пораз, веќе го пребродиле и одат напред во следната победа. Затоа и постојано го добиваат тоа што го сакаат, а луѓето мислат дека ним им е најлесно и се им оди од рака.

Флексибилност

За разлика од многу знаци кои се крути и ригидни, Стрелците се најфлексибилниот знак во хороскопот. Тие се лудата пријателка која веднаш ќе организира забава, добриот пријател кому може да му се јавите ноќе и тие се омилени во секое друштво бидејќи се најфлексибилната личност која постои.

Филозофија

Често знаат да филозофираат за животот, смислата на постоењето и тн. Едноставно сакаат длабоки разговори, со луѓе кои им одговараат.

Во животот не добив сѐ што посакав, но добив сѐ што ми е потребно

$
0
0

Барав сила.

Бог ми ги даде тешкотиите кои ме направија силна личност.

Барав мудрост.

Бог ми ги даде проблемите на кои треба да им најдам решение.

Барав богатство.

Бог ми даде ум и тело.

Барав храброст.

Бог ми ги даде препреките кои требаше да ги совладам.

Барав љубов.

Бог ми ги даде луѓето на кои треба да им помогнам.

Барав услуги.

Бог ми даде можности.

Не добив точно она што побарав. Но, добив се што ми беше потребно.

Православните верници слават Богојавление - Водици

$
0
0

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици кој се празнува уште од вториот век.

Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој од тогаш се нарекува Крстител. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден.

Традиционално, во реките се положуваат крстови, а оној што ќе го фати Светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со спуштањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити.

Како и во минатите години, најмасовно се очекува да биде во Скопје и во Охрид. Во Скопје се пријавени 140 граѓани за учество на манифестацијата „Водици 2019“.

Централната манифестација во Скопје ќе се одржи напладне кога архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе го спушти крстот во Вардар од мостот кај хотелот „Холидеј Ин“. Претходно, во 9 часот, тој ќе богослужи Златоустова литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“, а во 11:45 часот богојавленски литии ќе се упатат кон местото каде ќе се одржи традиционалната верска манифестација.

Во Охрид традиционално во сите парохиски цркви на Дебарско-кичевската епархија ќе се одржи утринска богослужба и божествена литургија. Потоа верниците масовно заедно со свештениците ќе се упатат на Градското пристаниште, каде ќе бидат осветени водите на Охридското Езеро, а потоа во 10 часот ќе се положи и чесниот крст.

Низ Скопје посебен сообраќаен режим поради Водици

$
0
0

Посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје и во општините Ѓорче Петров и Аеродром ќе биде воведен денеска за време на одбележувањето на празникот Богојавление – Водици, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од 10 часот до завршувањето на манифестацијата во центарот на Скопје за сообраќај ќе бидат затворени ул. „Филип Втори“ до бул. „Гоце Делчев“ и ул. „Кеј 13 Ноември“ до бул. „Кочо Рацин“.

Во општината Ѓорче Петров од 10 часот ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“ десно по бул. „Партизански одреди“, десно по ул. „Ѓорче Петров“, лево по ул. „Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“ по ул. „Демир Трајко“ и лево по ул. „Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на  Вардар.

Во општина Аеродром од 10 часот за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон селото Лисиче.

Министерството за внатрешни работи апелира граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Во Скопје 140 верници по Светиот крст во Вардар

$
0
0

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици кој се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој од тогаш се нарекува Крстител. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден.

Традиционално, во реките се положуваат крстови, а оној што ќе го фати Светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со спуштањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити.

Во Скопје се пријавени 140 граѓани за учество на манифестацијата „Водици 2019“. Централната манифестација ќе се одржи напладне кога архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе го спушти крстот во Вардар од мостот кај хотелот „Холидеј Ин“. Претходно тој ќе богослужи Златоустова литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“, а во 11:45 часот богојавленски литии ќе се упатат кон местото каде ќе се одржи традиционалната верска манифестација.

Во Охрид традиционално во сите парохиски цркви на Дебарско-кичевската епархија ќе се одржи утринска богослужба и божествена литургија. Потоа верниците масовно заедно со свештениците ќе се упатат на Градското пристаниште, каде ќе бидат осветени водите на Охридското Езеро, а потоа во 10 часот ќе се положи и чесниот крст.

Поради празникот Водици во Скопје ќе има изменет режим на сообраќај.

Во периодот од 10 часот, па до завршувањето на манифестацијата по повод Водици, во центарот на Скопје за сообраќај ќе бидат затворени улиците Филип Втори до булеварот Гоце Делчев и улицата Кеј 13 Ноември до булеварот Кочо Рацин.

Во општината Ѓорче Петров од 10 часот за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“ десно по булеварот Партизански одреди, десно по улицата Ѓорче Петров, лево по улицата Васил Чакаларов, како и од црквата „Свети Пантелејмон“ по улицата Демир Трајко и лево по улицата Васил Чакаларов до Железничкиот мост на реката Вардар.

Во општина Аеродром од 10 часот за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон село Лисиче.

Скопје синоќа беше најзагаден град во светот

$
0
0

По еден часот, синоќа, Скопје, се најде на првото место во светот, како град со најзагаден воздух. Индексот на загадување беше 430, а на врвот на листата беше во друштво со градови од Индија, Пакистан.

Четвртото место му припадна на Бангладеш, а петтото на Косово.


Скопје се подготвува за Водици (фото)

$
0
0

Православните верници денеска го слават големиот христијански празник Богојавление - Водици, кој се празнува уште од вториот век. Празникот е поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител.

Скопје веќе се подготвува за одбележувањето на големиот христијански празник.

Пријавени се 140 граѓани за учество на манифестацијата „Водици 2019“. Централната манифестација ќе се одржи напладне кога архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе го спушти крстот во Вардар од мостот кај хотелот „Холидеј Ин“.

Претходно тој ќе богослужи Златоустова литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“, а во 11:45 часот богојавленски литии ќе се упатат кон местото каде ќе се одржи традиционалната верска манифестација.

Од центарот на Скопје со воз до меѓународниот аеродром

$
0
0

Македонскиот главен град до 2030 година треба да добие железничка врска од Транспортниот центар до Меѓународниот аеродром Скопје.

Воведувањето на новата железничка линија е само еден од проектите што се вметнати во Националната Транспортна Стратегија 2018-2030 година, која што ја презентираше министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Стратешкиот документ опфаќа имплементационен план во кој се опфатени 104 активности со проценет буџет од околу 4,2 милијарди евра, кои треба да почнат да се реализираат во периодот до 2030 година.

Стратегијата се заснова на четири цели, кои со реализацијата на предвидените проекти ќе овозможат намалување на бројот на смртни случаи во транспортот за 50% до 2030 година, намалување на емисиите на стакленички гасови за 18,6% до 2030 година, подобрување на економската одржливост на национално ниво и завршување на патната и железничката инфраструктура на Пан-европските коридори и европските рути.

 

Покрај изградбата на директна железничка врска до скопскиот аеродром, државата планира до 2030 година да ги реализира проектите за изградба на автопатите Скопје-Блаце, Гостивар-Кичево, Кичево-Охрид, Струмица-граница со Бугарија и Крива Паланка-граничен премин Деве Баир. Воедно, во стратешкиот документ е предвидено да се реконструира патниот Коридор 10 и да се надградат регионалните патишта Куманово-Страцин и Струга-Ќафасан. Во претстојната деценија е зацртано да се реализира во целост патниот Коридор 10д, кој на потегот од Градско до граничниот премин Меџитлија кај Битола би бил надграден на ниво на експресен пат.

Обичаи за Богојавление во Скопје: Прво младоженците па невестите се капеле во Вардар

$
0
0

Водици се празнува два дена. Првиот ден 19-ти јануари, освен Богојавление и Водици уште се вика и Војордање и Машки Водици, а вториот ден 20-ти јануари, Собир на Свети Јован Крстител уште се вика и Женски Водици.

Како што забележал Кузман Шапкарев во минатото во Скопје бил познат обичајот капење на младоженците. Првиот ден од празникот ги бањале зетовците и машките деца првенци, а вториот ден невестите и женските деца, исто така, првенци. Овој обичај се изведувал на тој начин што ги носеле на реката Вардар, а таму попот по специјален обред ги попрскувал со пејана (светена) вода. Познато е дека на првиот ден од празникот по коледица одат само мажите, а вториот ден само жените.

Денес традиционално, во Македонија во речиси сите населени места, свештениците го фрлаат ритуалниот крст во некоја поголема вода - река, езеро или базен, а луѓето скокаат во водата и се обидуваат да го фатат крстот.

Се смета дека на тој ден сите води се крстени и исто така оној што ќе го најде крстот ќе биде среќен во следната година. Овој ритуал го симболизира влегувањето на Христос во реката Јордан. 

Скопјани се гневни откако градот се искачи на прво место по загаденост во светот

$
0
0

Социјалните мрежи се преполни со реакции, откако вчеравечер Скопје се искачи на првото место по загаденост во светот.

Мерните станици во некои делови од Скопје покажуваа концентрација од над 550 микрограми ПМ 10 честички на метар кубен, од дозволените 50 микрограми. Некаде пак, концентрацијата на ПМ 10 честички достигнуваше и до 800 микрограми.

Реакциите на социјалните мрежи не стивнуваа.

„Џабе урламе, протестираме, молиме за чист воздух и здрав живот. Чаре нема. Никој не сака да пофати барем од некаде! Крајно сум изреволтирана и страшно загрижена за сопствениот и животот на најмилите“, пишуваа граѓаните.

Оливер Пешевски коментира..Пакистан,Афганистан...тука сме.

Валентина Петрушевска пишува...Имаме ли надлежни кои толку многу се грижат за колективното здравје, па сега се поставува прашањето, да ли енормно со катастрофални размери загадениот воздух не му штети на колективот?!
Министерството за здравство по овој проблем не се изјаснува.

Загаденоста на воздухот е висока и во моментов. Во Центар, на пример, загаденоста на воздухот е 5 пати над дозволената граница.

 

Скопјанец со комбе излета од патот Кичево-Охрид

$
0
0

Вчера во 08:30 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, товарно возило „Форд Транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 44-годишниот А.Б. од Скопје, излетало од патот.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот А.Б.,  кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Охрид.

Тешка сообраќајка во Скопје, повредени 4 лица

$
0
0

Вчера околу 21:45 часот на крстосницата од  улиците „Борис  Трајковски“ и  „Трајко  Иванов“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од  Д.П.(46) од Скопје и патничко возило „Фиат Добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(71) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот М.Д. и Н.Д.(67) од Скопје, сопатничката во возилото „Фиат Добло“. Со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.

Возачот Д.П. и В.П.(42)  од Скопје, сопатничка во возилото „Фолксваген Пасат“, се здобиле со телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде им била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Граѓаните може да бараат штета како последица на повреда од нерасчистен снег

$
0
0

Согласно член 22 став 1 точка 4 од Законот за локалната самоуправа - Општините се надлежни за изградбата, одржувањето, реконструкцијата и заштитата на локалните патишта, улици и други инфраструктурни објекти, од што произлегува дека во случај на здобиена повреда поради улици коишто не се одржуваат, Општината во чија надлежност е одржувањето на улицата е одговорна за евентуалното неодржување на улиците и настанатите незгоди заради тоа.

Адвокатската канцеларија Коневскина фејсбук објави информација со која укажуваат на обврските на надлежните органи, но и на правата на граѓаните во ситуација на нерасчистени улици и тротоари и во случај на настанување на повреда поради нерасчистените улици.

Граѓаните коишто претрпеле штета при редовното користење на улиците, којашто е предизвикана заради оштетеноста на истите, имаат право да побараат надомест на настанатата штета од надлежната општина, велат тие.

Освен граѓаните за своите повреди, штета во услови на оштетување може да се побара и за превозните средства.

За да биде појасно би дале и конкретен пример: возите накај вашето работно место и со тркалото пропаѓате во дупка и притоа ви се искривува бандажот и пропратно се оштетуваат и останати делови од подвозјето, не сте виновни вие бидејќи не сте ја избегнале дупката, таа едноставно не требала да биде таму, велат од адвокатската канцеларија Коневски.


Дневен хороскоп за 20 јануари

$
0
0

Биковите започнуваат тајна врска, Стрелците ќе запознаат нова личност.

Прочитајте го ороскопот за 20 јануари

Овен

Трудете се да одржите мир во своето работно окружување и да се заштитите од стрес, но тоа не ви успева многу.

Моменталниот партнер не ви одговара, па размислувате да најдете некој нов.

Покачен крвен притисок.

Бик

Среќата ве служи па имате успех во работата. Лесно доаѓате до решенија за сите проблеми.

Денешниот ден ви носи голема можност за остварување на некоја тана врска.

Ве мачи несоница.

Близнаци

Ви се укажува нова понуда за работа, која ќе ви донесе големо задоволство.

Во периодот кој претстои ве очекуваат многу конфликти. Потрудете се денешниот ден да го минете мирно.

Напнати сте.

Рак

Доаѓате до нови идеи, и лесно ќе дојдете до решенија.

Во љубовта, мислењето го менувате многу брзо. Се тоа е за да и се вратите на старата љубов.

Имате многу енергија во себе.

Лав

Покажувате подготвеност за ризик. Вашиот успех доаѓа од тоа што умеете да играте на безбедно.

Потребна ви е сериозна врска на долг рок и барате личност за тоа.

Избегнувајте алкохол.

Девица

Подгответе се на неочекуван развој на ситуацијата која може да ве фати неподготвени.

Личноста која ви се допаѓа во вас буди бројни прашања. Многу сте љубопитни.

Потребен ви е повеќе сон.

Вага

Чувствувате дека нема долго да го издржите притисокот на моментланата работа. Потребни ви се промени.

Ако саканата личност од вас бара да покажете емоции, направете го тоа.

Внимавајте на забите.

Шкорпија

Моментално работата ви е најголем приоритет и во неа вложувате огромна сила.

Свесни сте дека љубовта минува брзо и  не сакате да се претвори во досадна рутина.

Ве мачи вкочанетост.

Стрелец

Ако се потпрете на соработниците, можете многу лесно да дојдете до решенија на вашите проблеми.

Ќе сретнете личност која ќе ве освои.

Проблеми со бубрезите.

Јарец

Во претходниот период ви се јавија многу проблеми за чии решенија ќе почнете сериозно да размислувате.

Вашата врска ќе напредува ако престанете да тактизирате и спонтано се препуштите.

Намалете ги слатките.

Водолија

Променливоста на полето на финансии ве вознемирува. Сакате нешто стабилно.

Можете да верувате во верноста на својот партнер. Посветете им се максимално.

Можна е вртоглавица.

Риби

Заземете ја положбата која ја заслужувате. Се изборивте за тоа.

Љубовта ви предизвикува разочарување. Се прашувате каде сте погрешиле.

Добро се чувствувате.

Променливо облачно време со слаб дожд

$
0
0

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд претпладне, а на планините ќе врне повремен снег. По одделни котлини ќе има појава на магла и ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од -3 до 3 степени, а дневната од 2 до 9 степени.

Следува период на променливо облачно време со слаби врнежи од дожд на пониските места, а на планините ќе врне снег. Во понеделник ќе има преодно стабилизирање, а веќе од вторник, особено во западните и јужните делови, се очекуваат повеќе врнежи. По котлините ќе има појава на магла.

Македонските граѓани изминатата вечер дишеа смртоносен отров

$
0
0

Концентрацијата на ПМ10 канцерогените честички вечерва достигна досега незабележани и аларманто високи 1611 микрограми.

Ова вечерва го регистрираше „Мој воздух“ во Прилеп, каде изминатта вечера беше загадено повеќе од 30 пати од дозволените 50 микрограми на метар кубен.

Вчеравечер се гушеше и цела Македонија. Ова го покажуваа мерните станици околу 19 часот:

Главниот град на Македонија, Скопје синоќа беше прв во светски рамки, по загаденост. Индексот на загадување во Скопје беше 430, а веднаш зад македонската метропола на неславната листа се најдоа градови од Индија, Пакистан, Бангладеш и Косово.

Денеска е Собор на св. Јован Крстител, главниот збор го имаат жените

$
0
0

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 јануари. Денеска е Собор на св. Јован Крстител.

Уште од првите векови Црквата утврдила овој ангел во тело да се прославува веднаш после празникот Боголавление. Тоа е затоа што неговата главна служба, неговото главно дело, се состоеше во подготвувањето на народот за доаѓање¬то на Помазаникот Исус. Така, иако свети Јован Претеча и Крстител се прославува на неколку пати во текот на годината, неговиот собор т. е. главен празник е на денешен ден.

Именден прославуваат Јовановци. Овој ден се вика уште и Женски Водици поради што главен збор во изведувањето на обичаите имаат жените. Покрај другото на овој ден жените одат по коледица, и тоа само по куќите од својата компанија. Најпрвин една девојка облекуваат во невестинска облека, таа бацува рака и ги собира подароците, најчесто пари. Одејќи низ селото водичарките пеат: „Појдов дојдов низ село / најдов сено косено…“ во дворот од куќата: „Овде дворје метени / овде моми плетени…“, во куќата на секој член од семејството му пеат посебна песна во зависност од неговата старост и положбата во фамилијата.

На домаќинот му се пее песната:

Домаќине Стамјанине,

дали пиеш или спиеш,

ако пиеш весели се,

ако спиеш разбуди се.

Долетало лепо пиле

на рамена на Стамена.

Тогај велит домаќинот:

‒ Ај подајте лак и стрела,

да застрела ова пиле.

Одговори лепо пиле:

‒ Не сум пиле за стрелање,

тук сум пиле аберџија,

абер носам од далеку,

ти си имаш мила сина,

царот има мила ќерка,

двајца да се сосватите,

и пак да се понашате

како вејка со јаболка,

како нива со пченица,

како трло со јаголнца.

На жена со машко дете ѝ се пеела песната: „Има мајка мила сина“, на жена со ќерка: „Има мајка мила ќерка“ или „Има мајка мили ќерки“, ако имала повеќе женски деца, а на жена без деца и се пеела песната „Еливер ми коња коит“ итн. Според содржината но и според начинот на исполнувањето овие песни се блиски со лазарските песни.

Најсвечено и највесело е вечерта кај кумот кога се одврзува крстот и кога кумот му го предава крстот, а со тоа и кумството, на новиот кум. Стариот и новиот кум седнуваат еден до друг, кумот го одврзува крстот и на секоја фамилија од компанијата ѝ дава по еден страк од босилекот и по дел од црвениот конец со кој бил врзан крстот. Потоа крстот му го предава на новиот кум и му го честита кумството.

По ова неколкумина мажи го креваат новиот кум три пати високо, до таванот, а сите присутни стануваат и пеат:

Сопаши се, стари куме

опаши се, нови куме,

личен Господ се распашал,

со јариња, со јагниња,

со дечиња во куќава,

со бериќет низ полено,

танки ржи до шлемиња,

пчејнците до гредите,

јачмењата до појаси,

а урвите до колена.

Исчекале и в година,

и в година и за многу

сосе рода што имаме

и мајкина и таткова.

Додека го креваат кумот тој благословува да се живи луѓето, да се јачи компанијата, а потоа на низата со пари околу крстот врзуваат уште една пара што означува уште една успешно помината година. Од сиве овие активности на кумот може да се види дека во народното верување тој ја претставува врската со богот заштитник.

Во Разлошко вечерта спроти Водици (Јордановден) се правела „Попова најатка“, со посна храна исто како и на Бадник. На овој ден свештеникот одел низ селото и со светена вода ги прскал куќите, со што ги отстранувал злите демони познати како „караконџери“. Со тоа завршувале и Поганите денови. Во селото Елешница, следниот ден на Водици, по службата во храмот „Св. Атанасиј“ народот заедно со свештеникот, оделе на реката каде што го фрлале крстот во водата. При овој чин тројца мажи пукале со пушки во воздухот. По фрлањето на крстот и осветувањето на водата сите се миеле за здравје, а вода носеле и дома, за да се измијат тие што не можеле да појдат на реката, како и за да ги попрскат просториите во куќата и во шталата кај стоката. На тој ден на реката ги крштевале децата родени во Караконџеровите денови, зашто таквите деца не ги крштевале во црквата.

Петре Шилегов, не верувавме дека ќе нѐ направиш први во светот

$
0
0

Она што не ви успеа во ниту една друга сфера, во ниту еден друг сегмент на живеењето во 21 век, ви успеа вчера: направивте Скопје да е лидер, да остави зад себе 4.415 градови (според World atlas) и биде НАЈЗАГАДЕНИОТ ГРАД НА СВЕТОТ – ова е коментарот откако Скопје се најде на прво место по загаденост. Скопје се гуши, Владата има план…

И актерот Тони Михајловски му посвети статус на скопскиот татко Петре Шилегов:

Viewing all 34576 articles
Browse latest View live


<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>