Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all 34916 articles
Browse latest View live

Како скопјанецот Влатко Томовски го оствари и живее мавровскиот сон

$
0
0

Пространството на планината, сокриените убавини, снегот и природата биле предизвикот еден човек од урбаниот свет да се пресели и остатокот од животот да го поминува таму каде што му е најубаво. Во Маврово. Така, накратко се опишува одлуката на Влатко Томовски да ја смени адресата на живеење и од Скопје да се насели во викенд населбата Крстови 1.

Предвремена пензија за уживање во природа

Овој  педесет и тригодишник и роден Скопјанец ги менува урбаната средина и бизнисот со слободата што ја нуди природата и животот далеку од градската врева. Оние кои почесто доаѓаат на Маврово, него постојано го сретнуваат. Не само преку зима туку и низ сите годишни времиња. Влатко е своевидно заштитно лице на Маврово. Кога има снег тој е на терените за скијање, кога е сончево лета со змај, кога ќе смрзне езерото лизга по неговата површина.

Тој е првиот сноубордер на Маврово и има многу други неформални титули за „прв“ на Маврово. Роден е, се се школувал и поголем дел од животот го поминал во Скопје. Во меѓувреме како млад прошетал поголем дел од Европа и светот.  Бил сопственик на два ресторани за брза храна. Работел во Лондон, и низ Грција. Сепак, авантуристичкиот дух го вдоми под падините на Бистра.

– Одамна се имав заречено дека кога ќе наполнам 50 години ќе се повлечам од бизнисите и ќе уживам во предвремената пензија. Мене ме води едно правило, по петтата деценија човек не може да работи со исто темпо како претходно и треба да каже: доволно е постигнато. Јас тоа го направив и еве ме, жител на Маврово, таму каде што најмногу сакав и замислував, вели Влатко.

Толку многу се радувал на преселбата и од 2015-та, како што вели, се изнауживал. Прокрстарил по планинските предели, пеш, со велосипед, на скии, со параглајдер, со змеј. Допрел до речиси секое делче на Бистра. Во меѓувреме размислувал и за пополнување на слободното време. Се фатил за алатите и почнал да мајсторува.

Вила Јана, новиот дом

На местото каде се наоѓала старата викендичка со две спални соби, што ја изградил неговиот татко, денес има доградба со шест соби (студија). Има и име, „вила Јана“, по ќерката. Вели дека и таа ја има истата љубов кон планината и мавровската убавина. Во прво време не планирал да ја издава на гости, но приказната за гостопримството се проширила и сé почесто добива повици од луѓе кои сакаат да поминат некој ден на Маврово. Иако има идеални услови, Влатко е дециден дека ова не му е работа и профитот го има ставено на страна.

– Заработив доволно и не го правам ова за пари. Приказната со „Вила Јана“ не е мотивирана од профит. Ја правев да биде мое и катче за семејството. Во меѓувреме се јавуваа пријатели и други луѓе на кои им се допадна и почнав да доградувам. Би бил задоволен кога мојот пример би го следеле и други. Се докажа дека на овој крај му требаат вакви примери и вакви капцитетите.

Овој новопечен Мавровец, освен кревет и покрив над глава, на гостите им нуди поинаков начин да уживаат во Бистра и околината. Постојано изнаоѓа содржини што ќе им го направат престојот поинтересен. Зависно од физичката подготвеност на гостите, им организира тури со велосипед, кајакарење по езеро, летање со параглајдер, собирање шумски плодови, пешачење низ шумскиот крајолик и редица други активности.

– Сакам Маврово да му го приближам на посетителот онака како што јас го знам. Иако е познато по скијачкиот центар, сметам дека подеднакво е убаво и во пролет, лето и есен. Мојот приод и поинакава визија за Маврово ја делам и со неколку заљубеници во Маврово, како Димитар од СкиХат Горица и Огнен од Бистра. Некои идеи заеднички ги реализираме.

Во Маврово 44 дочеци на Нова Година

Одлуката за преселбата има историја стара повеќе од четири децении. Тогаш, всушност се родила љубовта на семејството Томовски со Маврово.

– Со Маврово нé запозна мојот татко Хари. Како дете бегалец од Грција по втората светска војна се нашол во тогашната Чехословачка. Со знаењата по статика како инженер дошол во Македонија. Како статичар за челични конструкции учествувал во многу значајни проекти. Тој работел и на изградбата стариот двосед токму на Маврово. По другарувањето со Заре Лазаревски (еден од пионерите на туризмот во Маврово) решава да направи викендичка. Во 1973 е изградена, скромна со две спални. Тогаш немало ниту вода ниту струја, но сепак ги поминувале најубавите денови, вели Влатко.

Од првиот заеднички дочек на новата година во 1974, до денес промашил само еден. Тогаш со девојката Марија (денес сопруга) дочекот на 1990 та решиле да им биде во Охрид. Па така во семјниот попис, стојат 44 дочеци во Мавврово.

– Најубаво ни е за дочек кога ќе наврне многу снег, па не мора да излегуваме во длабок снег и да шетаме. Остануваме на топло и си уживаме во дружењето.

Последниве 30 години речиси нема викенд да не дошол, најчесто со смејството, но некогаш и со пријатели.

Прв сноубордер на Маврово

Меѓу причините што го натерале Влатко да се пресели во Маврово има многу и во деновите од детството и младоста. Спомените од тие времиња само му ја потврдиле одлуката. На почетоците, престојот во Маврово, најчесто им бил заеднички со семејството, особено за зимските распусти.

Подоцна и како повозрасно момче. За да се ужива на снегот и во зимата, смислувале многу игри, па хокеј, љубовата која ја презел од неговиот татко. Неретко, целото семејство, братот, мајката и таткото лизгале по дебелиот езерски мраз и биле вистинска атракција за мештаните.

Освен што бил меѓу првите хокеари на Мавровското езеро, тој е и првиот сноубордер (скијач на даска).

– Даска за скиајње за прв пат видов во еден француски часопис во 1985 година. Првата ја направив со подлога од плекскиглас, епоксидни смоли и шпер плоча. Како везови искористив еден пар од лизгалки. Сам ја совладував техниката. Отогаш го популаризира и сурфањето по снег (snow surf), а зачетник е и на комбинацијата даска и параглајдер (snow kite surfing).

Хокејот во крвта     

Како потврда за неговиот ентузијам, придонесот во популаризирањето на Мавровоскиот ски центар, неговото постијано присуство на скијачките терени, лани доби доживотна карта за користење на жичарниците и ски лифтовите. Горд е на овој гест, бидејќи не го очекувал, а го доживува како укажана чест за љубовата која ја негува кон овој крај. Го напушта Маврово преку зима, барем два пати во неделата, заради хокејот.

Многу се израдувал кога повторно е активирано лизагалиштето во Скопје. Речиси и да не пропушта вторник и четврток кога со хокеарите на Вардар лизгаат по пакот. И оваа зима тој е на ски терените, се дружи со староседелците и дојденците. Ужива во остварениот мавровски сон.

МИА


Зголемена платата на Вработените во Град Скопје

$
0
0

За 5 отсто повисока плата ќе добива администрацијата во Град Скопје од септември. Со одлуката на градоначалникот Петре Шилегов која треба да ја усвои Советот на Град Скопје на седницата која ќе се одржи в среда, се предвидува зголемување на вредноста на бодот за пресметување на плати на државните службеници од 77,24 денари на 81.10 денари. Тоа значи дека платата ќе се зголеми за 5 тсто.

Шилегов неколкупати откако е дојден на градоначалничката функција изјавуваше дека не е задоволен од работата на административците. На прес-конференција на 14 септември лани кажа дека ќе воведе внатрешна контрола оти голем број предмети со месеци стојат во фиоки несработени. На седницата на Советот на 30 октомври од говорницата изјави дека инспекторите ќе се опремат со ГПС уреди оти не се знаело каде се во текот на работното време, дали седат по кафулиња низ Дебар Маало или си бркале приватни работи.

Во образложението на градоначалникот Шилегов се вели дека одлуката се носи со цел таа да се усогласи со онаа на Владата за зголемување на платите за 5 отсто на административците.

„Владата на Република Македонија ја донесе одлуката за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2019 година на 8 јануари. Со цел усогласување со одредбите од одлуката донесена од Владата на Република Македонија, изготвена е предложената одлука“, стои во образложението на градоначалникот Шилегов до советниците.

Министерот за финансии Драган Тевдовски лани во ноември при презентирање на Буџетот за 2019 година рече дека планирано е покачување од 5 отсто на платите на државните службеници од септември 2019, со цел градење поефикасна и помотивирана јавна администрација.

Зголемувањето на платите предвидено е и во буџетот на Град Скопје за оваа година, каде за 12 милиони денари се зголемени парите за плати на вработените. Лани за плати беа предвидени 149.000.000 денари, а годинава 161.500.000 денари. Со зголемување на платите за 4 милиони денари плус се зголемуваат и средствата за придонеси за што од буџетот оваа година се одвоени 60 милиони денари.

Зголемување нема да има на платата на градоначалникот Шилегов. За плата на градоначалникот во буџетот исто како и лани, се предвидени 1.250.000 денари, а за придонеси 545.000 денари.

Годинава Град Скопје ќе го зголеми и бројот на привремени вработувања. Во оваа ставка за 2019 година се предвидуваат двојно повеќе пари за разлика од лани. Во 2018 беа предвидени 14.500.000 денари, а годинава 34.500.000 денари.

Половина милион Македонци иако се вработени се сиромашни

$
0
0

Половина милион граѓани од земјава иако се вработени се водат како сиромашни. Овој алармантен податок за Алсат M го обелодени Оливера Доцевска од невладината организација „Платформа за борба против сиромаштијата“.

Статистички можеби овој негативен феномен се намалува, но во реалноста е сосема друго, кај најмладите, но и кај лицата од третата доба, сиромаштијата се зголемува со забрзано темпо. Потребни се поголем број мерки, програми и законски решенија.

– Многу е тешко во Република Македонија да кажеш кој е сиромав, а кој не е. Замислите ние имаме половина милион сиромашни – вработени, а тоа е онаа стапка под минималниот приход и минималната плата. – рече Оливера Доцевска, македонска „Пплатформа против сиромаштија“.

Официјалните податоци на државната статистика велат дека стапката на сиромаштија во земјава е 22 отсто. Најзагрижувачка е состојбата кај младите до 17 години каде сиромаштија достигнува 30 отсто. 16 отсто проценти од пензионерите се водат како сиромашни.

Граѓаните може да побараат надомест за оштетено возило од дупките на улиците

$
0
0

Граѓаните коишто претрпеле штета при редовното користење на улиците, којашто е предизвикана заради оштетеноста на истите, имаат право да побараат надомест на настанатата штета од надлежната општина.

Членот 22 од Законот за локалната самоуправа вели “Општините се надлежни за изградбата, одржувањето, реконструкцијата и заштитата на локалните патишта, улици и други инфраструктурни објекти", од што произлегува дека во случај на предизвикана штета заради редовна употреба на оштетените улици, Општината во чија надлежност е одржувањето на улицата е одговорна за штетите предизвикани при редовното користење на истите од страна на граѓаните.

Од Адвокатската канцеларија Ивица Коневскивелат дека доколку одејќи кон работа со едно од тркалата пропаднете во дупка и тоа предизвика штета на вашето возило, односно искривување на бандажот, вие имате право на оштета од локалната самоуправа која е одговорна за одржување на тој пат. 

 

 

Што носи загадувањето на воздухот?

$
0
0

Акутна болест или смрт поради загадување на воздухот.

Светската здравствена организација утврдила дека 2,4 милиони луѓе годишно умираат од последиците поврзани директно со загадувањето. Тоа се хроничните заболувања, како на пример астмата, емфиземи на белите дробови, оштетувања на срцето и на белите дробови, алергии на дишните органи. Загадениот воздух  влијае на  физиолошките функции, како на пр. на респираторните и на доводот на кислород во крвта. Особено при поголема физичка активност, стеснети крвни садови и немање доволно кислород во крвта може да дојде до мозочни и срцеви удари, до надразнување на сетилата, повраќање, губење на апетитот, нарушување на сонот.

Штетни концетрации:

• Сулфур диоксид:

Големите концентрации на овој оксид на сулфурот, а и на другите оксиди на сулфурот предизвикуваат најразлични проблеми врзани со дишните органи,  зголемување на смртноста особено кај заболените од рак и влошување на состојбата на заболените од бронхитис.

• Јаглерод моноксид:

Зголемените количества на овој оксид имаат особено негативно влијание врз нервниот и врз кардиоваскуларниот систем кај човекот. Може да доведе до појава на јаки главоболки, задушување и труење, и смрт. Овој оксид ги нарушува процесите на оксидација во клетките.

• Оксиди на азот:

Зголемените концентрации на азот негативно влијаат на органите за дишење, кои може да предизвикаат смрт. Овие оксиди ја намалуваат способноста на крвта за пренесување кислород.

• Јаглеводороди:

Поголемите концентрации на овие соединенија можат да предизвикаат: кашлица, забрзан пулс, главоболка, мачнина, промена на температурата на телото, промени во крвта, па и до појава на смрт. Овие соодиненија ги иритираат слузокожата на очите, на носот и респираторниот систем.

Суспендирани честички

Суспендираните честички се сочинети од повеќе материи.Главно  од ситен прав, чад, несогорени масла, пепел, метали и мрсни материи. Големината на честичките се движи од 0,01 микрони до и над 100 микрони.Главно извори на овие честички се согорувања на масла и на цигари. Кога ќе се здружат заедно со сулфур диоксид ги оштетуваат белите дробови, а можат да предизвикаат и карцином на желудникот. Оловото од издувните гасови на автомобилите  што се наоѓа во честичките е штетно за човековото здравје, особено за децата. Берилиумот кој доспева во воздухот во мали количества од индустриските извори и течните горива предизвикува лезии во белодробните крила,тешки респираторни проблеми, па и смрт. Ситниот прав познат како ПМ честички 10, се фракција од суспендирани честички со пречник од 10 микрони,се задржуваат во носот. Честичките ПМ 2,5 (2,5 микрони) навлегуваат во бронхиите на белите дробови. 

Скопје –еден од најзагадените градови во Европа

Главниот проблем со загадувањето на воздухот во Скопје се должни на несоодветната местоположба на индустриските објекти. Самиот град е опкружен со планини кои создаваат услови за зголемување на концентрациите на штетните гасови во воздухот. 

 

По чист воздух на Водно

$
0
0

Маглата, придружена со смогот и лошата миризба можеа да се почуствуваат не само во централното градско подрачје, туку и во приградските населби низ Скопје.

„Многу мириса на чад, на неубаво, на гума, на гасови од автомобили. Нешто со автомобилите да се направи, да се распределат кој во кои денови да возат, според регистарските таблички или слично. Се чувствува во грло, ме тера на кашлање, и носот ми тече многу. Државата треба да најде некое чаре. Нема чаре за маглава“, велат скопјани.

Викендов на Водно, преполн паркинг и многу луѓе. Најмногу млади родители со своите дечиња. Велат дека решиле да се почестат со чист воздух. Горе на врвот, на Водно, за миг се заборава дека Скопје е загадено сите насмеани, уживаат во сонцето, заборавајќи дека во еден од џебовите на јакните, сепак носат маска која долу во градот, ги штити од загадениот воздух.

Водно, Соње, Кучково, Матка... се ретките локации каде што граѓаните од главниот град се обидуваат да избегаат од аерозагадувањето кое што е нај сконцентрирано во централното градско подрачје.

Свети Сава, 27 јануари, неработен за припадниците на српската заедница

$
0
0

Свети Сава, 27 јануари (недела), е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Од Министерството на  граѓаните припадници на српската заедница во Република Македонија им го честитаат празникот.

Видео снимка прифатена како доказ за убиството на Саздовски

$
0
0

Пред почетокот на денешното рочиште за Бесир Беља и Скендер Демири, обвинети за убиството на дваесетгодишниот Никола Саздовски-Саздо, јавниот обвинител до Судот достави оригинална наредба за обезбедување записи од видео камера од ЦД Безбедносен град, пишува Фокус. 

Бранителот на второбвинетиот Беља, адвокат Стефан Ристовски побара Судот да не ја прифати снимката како доказ сега, туку во дополнителни докази во натамошната постапка, бидејќи тоа можел да го направи порано и оти таква можност имал седум пати досега. Со него се согласи и адвокатот Насер Рауфи.

Сепак, Судечкиот совет одлучи да се прифати како доказ, бидејќи не претставува пречка и оти Јавното обвинителство доставило и доказ дека снимката навремено била доставена до одбраната.

На барање на адвокатот на оштетените, Ванчо Шехтански се изведува како доказ психијатриски наод и мнение за претрпена нематеријална штета за претрпена болка заради загуба на блиско лице за родителите и братот и сестрата на Саздовски.

Според обвинителниот акт, Беља и Демири заедно со Ј. Љ. (19), кој е во бегство, на 29 јуни минатата година крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ на булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда.

Од здобиените повреди, Саздовски на 9 јули 2018 година почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Двајцата од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка, а за третоосомничениот, кој сè уште е недостапен за органите на прогонот, е распишана домашна и меѓународна потерница.


Проверете дали се дебелеете поради храна или поради болест

$
0
0

Прекумерната телезна тежина и угоеноста се водечки здравствени проблеми на модерното време.

Резултат е прекумерното таложење масно ткиво во организмот. Се дефинира со индекс на телесна маса (ИТМ), при што ИТМ >25 означува прекумерна телесна тежина, а >30 угоеност.

Најчеста причина за дебелеење е прекумерниот внес на калории преку храна проследено со недоволна физичка активност. За дебелината денес дополнително придонесува општата дигитализација и автоматизација на се што можеме да замислиме во секојдневниот живот.

Денес веќе нема телевизори без далечински управувач, а до пред неколку децении за да вклучите телевизор, но и за да ја промените програмата, требаше да се придвижите барем неколку чекрои.

Во времето на фиксните телефони, моравме да стоиме покрај телефонот, но и да му се приближиме за да се јавиме.

Угоеноста не е наивен проблем

Проблемот со дебелината е посебно изразен кај децата и адолесцентите. За разлика од возрасните, кај кои зголемувањето на телесната маса се одвува на сметка на зголемувањето на масните клетки, кај децата освен што се зголемуваат масните клетки, тие и се умножуваат, со што таквиот развој на дебелината подоцна многу потешко се лекува.

Освен прекумерниот внес на калории, различни форми на пореметувања на хормоналната рамнотежа можат да доведат до дебелеење.

Пореметувања на жлездите со внатрешно лачење (ендокрините жлезди) можат да доведат до прекумерно наталожување масно ткиво. Најчесто доаѓа до пореметување на функцијата на штитната жлезда, хипотиреоза (намалена функција на штитната жлезда), што најчесто се утврдува по месеци неконтролиран раст на телесната тежина.

Различни болести со прекумерно излачување кортизол како Кушинова болест или Кушинов синдром се манифестираат со дебелина.

И пореметувањтата на метаболизмот на јаглехидратите можат да доведат до дебелина или до отежнато задржување на постоечката тежина. Треба да се издели инсулинската резитенција, која долгорочно се поврзува со шеќерната болест, а погодува се помлади старосни групи.

Дебелината може да биде предизвикана и од проблеми во функционирањето на половите жлезди кај жените.Синдромот на отечени јајници во комбинација со инсулинска резистенција е плодно тло за раст на телесната тежина.

Како емоциите му наштетуваат на здравјето: Гневот го оштетува црниот дроб, шокот го ослабува срцето

$
0
0

Како што стресот влијае врз работата на срцето, така и некои силни емоции влијаат врз некои други органи. Алтернативната медицина го поврзува негативното мислење и чувства со некои болести.

Овие пет силни емоции можат да доведат до проблем со некои од органите:

1. Гнев

Гневот е многу силна емоција проследена со силна физичка манифестација, како што е покачен крвен притисок, главоболка и вртоглавица. Некои студии го поврзуваат прикриениот гневот со успорена работа на црниот дроб, главниот орган во телото задолжен за исфрлање на отровите.

Па дури, гневот може да предизвика губиток на апетитот, проблем со дигестијата и дијареа.

2. Шок

Ненадејниот прекин на врската, ненадејно губење на постојаната работа, неочекуван губиток на саканото лице, се исклучително емотивни настани кои предизвикуваат телесен шок со видливи последици по организмот.

Шокот е директно проследен со пораст на адреналинот кој може да го ослаби срцето, а повеќечасовна изложеност на шок може да предизвика и посериозни проблеми во телото. Затоа, во екстремни случаи е потребно да се побара лекарска помош.

3. Страв

Стравот предизвикува претерана потреба за мокрење, што е основна телесна функција поврзана со работата на бубрезите. Долготрајната изложеност на страв од некое лице, работа или појава, предизвикува потешкотија, која може да ја успори работата на овој важен орган.

4. Тага

Тагувањето доведува до плач, краткотраен здив и физички умор, а долготрајна изложеност на оваа емоција ултимативно ги слабее белите дробови. Кинеското хомеопатско лекување на депресијата, на пример, подразбира стимулација на акупунктурни точки кои се наоѓаат токму на овој орган.

5. Грижа

Луѓето кои многу се грижат имаат чести проблеми со дигестијата. Негативното размислување може да доведе до дијареа, повраќање и други хронични проблеми со гастроинтестиналниот систем. Некои истражувачи ја поврзуваат опсесивната грижа со големата веројатност од добивање на чир во желудникот, или дури и карцином.

Овој лек го земаме на своја рака, а носи сериозни последици

$
0
0

Некои истражувања од порано покажуваат дека аспиринот може потенцијално да го намали ризикот од срцеви напади и рак, а некои пак укажуваат на тоа дека евентуалните непосакувани ефекти од аспиринот, како крварење и чир, ги ставаат во сенка неговите добри страни.

Сега, ново истражување објавено во магазинот „New England Journal of Medicine“, тврди дека секојдневното земање на аспирин може да понуди некои здравствени предности за постарите лица, но воедно им носи и потенцијални ризици.

Според конечните заклучоци од ова најново истражување, се чини дека константното користење на аспирин не придонесува во голема мерка за зачувување на здравјето кај постарите лица, како и тоа дека не го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести.

Имено, навиката за редовно земање аспирин е поврзана со поголем ризик од обилно крварење и зголемување на стапката на смртност.

Во период од пет години, колку што и траеше ова истражување, научниците не открија значајни здравствени предности кај луѓето кои користат аспирин, а на поединечни испитаници им даваа и плацебо таблети за да ја тестираат и можноста за лажно чувство.

Помеѓу 920 лица кои редовно земале аспирин, голем број од нив умреле, односно станале инвалиди или развиле деменција, во споредба со 914 испитаници кои примале плацебо таблети.

Во споредба со плацебо групата, оние кои во ова истражување земале аспирин, заклучено е дека имаат поголем ризик од големо крварење и чести непосакувани ефекти од овој лек.

На крај, начуниците предупредуваат дека нивното истражување не се занимавало директно со тоа дали постарите лица кои се здрави, а кои користат аспирин за примарна превенција треба да продолжат или да прекинат со неговата употреба.

Oд утре нови врнежи од снег и дожд

$
0
0

Циклонска активност со центар во јужните делови на Европа од утре, но и во текот на неделата ќе услови да има повремени врнежи од дожд и снег на пониските места и само снег на планините, инфромираат од УХМР.

Повремено, велат синоптичарите, врнежите ќе бидат пообилни, особено во јужните и западните делови каде на планините снежната покривка ќе се зголеми. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Температурата во текот на неделата ќе се движи во интервал од минус два степени до 9 степени.

До денеска изутрина снежната покривка во Маврови Анови изнасува 46 сантиметри, 22 во Битола, 21 сантиметар во Лазарополе, 20 во Крушево, 16 на Попова Шапка, 15 во Охрид и Ѓуриште, 14 сантиметри во Тетово, 9 во Претор, 7 во Тополчани, 5 во Прилеп и Струмица, 3 во Демир Капија, 2 во Скопје З.Рид, и еден сантиметар снег е измерен во Штип.

Андре Риу доаѓа во Скопје, ќе настапи со неговиот оркестар од 60 члена

$
0
0

Светската ѕвезда Андре Риу, познат како „современиот крал на валцерот“ на 6 јуни ќе одржи концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Тој во Македонија доаѓа со неговиот 60-член „Јохан Штраус оркестар“, најголемиот приватен оркестар на светот.

Концертот е во организација на „Пасворд Продукција“. Билетите ќе бидат пуштени во продажба на 23 јануари и ќе чинат од 3050 денари нагоре.

Концертите на Андре Риу се огномет од емоции. На речиси 100 концерти годишно, Риу гарантира совршена забава со светски познатите, романтични и мелодии полни со душа како и со бројни изненадувања, хумор и првокласни интернационални солисти.

Од денеска може да аплицирате за субвенции за набавка на печки на пелети

$
0
0

Градот Скопје денеска го објави јавниот повик за надоместување дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на град Скопје за набавка на печки на пелети.

Со цел да ги стимулира граѓаните да користат почисто гориво и поквалитетни печки за затоплување на своите домови – печки со повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот, Градот Скопје на граѓаните што имаат купено печки на пелети од 07.11.2018 година до денот на завршувањето на повикот ќе им надомести дел од трошоците за набавка на печката во висина од 70%, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство. Овој повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Јавниот повик ќе трае заклучно со 30 ноември 2019 година, или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена.

Доколку бидат исцрпени сите предвидени финансиски средства, Градот Скопје ќе ја информира јавноста на својата Интернет-страница дека Јавниот повик е прекинат пред истекот на периодот за кој е објавен.

Јавниот повик може да го погледнете на следната интернет врска:

http://www.skopje.gov.mk/Uploads/JavenPovik/Javen%20povik%20pecki%20na%2...

 

Пронајдена шок-бомба во вреќа со отпад во Скопје

$
0
0

Шок-бомба во исфрлена вреќа со отпад пронашле екипите на ЈП „Комунална хигиена“ на улицата Македонска преродба во скопската општина Ѓорче Петров.

Од Јавното претпријатие велат дека по интервенцијата, било констатирано дека станува збор за потенцијално опасен отпад од распрскувачки материи за што била информирана и полицијата која извршила увид на местото на настанот.

Од „Комунална хигиена“ апелираат до граѓаните заедно со својот комунален отпад никогаш да не исфрлаат токсични, опасни или штетни материи, кои може сериозно да го загрозат здравјето на вработените во претпријатието кои секојдневно се во контакт со отпадот при извршувањето на своите работни задачи.


Општина Кисела Вода ја реновираше спортската сала во ООУ “Св. Климент Охридски” во Драчево

$
0
0

Општина Кисела Вода инвестираше во целосна обнова на училишната сала во од ООУ “Св. Климент Охридски”, со што основците од ова училиште добија подобрени услови за часовите по физичко воспитување. Во изминатиот период течеа бројни градежни активности. 

Подот беше темелно реконструиран. Се постави нов буков паркет врз порамнителен слој, а потоа се изврши лакирање и обележување на спортскиот терен. По нивното израмнување, се изврши молерисување на ѕидовите во фискултурната сала и гардеробите. Беше изработен парапет со мрсна боја во висина од 210см во фискултурна сала и 155см во гардеробите. Се замени оштетениот дел од плафонот како и оштетените стакла на дел од прозорците. Потоа, радијаторите беа сервисирани со чистење и замена на вентилите.

Ова не се единствените градежни инвестиции на локалната самоуправа во насока на подобрување на условите во спортските училишни сали на територија на Општина Кисела Вода. Претодно, нов подобрен лик и поголема функционалност доби и салата во ООУ “Кирил Пејчиновиќ”, додека во завршна фаза е изградбата на спортска сала во ООУ “Рајко Жизифов-симбол на кинеско-македонскотo пријателство” во населбата Драчево која се гради преку соработката со Амбасадата на Народна Република Кина.  Општина Кисела Вода и понатаму ќе ја следи состојбата во сите училишта и ќе работи на обезбедување на квалитетна работна средина за сите ученици.

Македонец си ја убил сопругата на паркинг во Австрија

$
0
0

Македонски државјанин кој живее Австрија ја убил вчера напладне својата сопруга, пренесуваат австриските медиуми.

Жената, истотака со потекло од Македонија, била на 31-годишна возраст, а убиството се случило на паркингот пред супремаркет во Тулн. Мажот ја убол сопругата со нож во вратот, пришто таа починала на лице место, а сопругот бил уапсен.

Само во првите три недели од годинава се случиле пет убиства во Австрија, од кои сите жртви се жени.

Како што пренесе српската новинска агенција „Танјуг“, лани во Австрија регистрирани се 78 убиства, што е рекорден број.

Убиствата ги извршиле 41 лице од Австрија и 37 странци. Меѓу убијците кај странците најголем дел се од Србија и Косово, чиишто граѓани извршиле по седум убиства.

„Не гледам пречка зашто девојка не може да биде пожарникар“ - Менка, единствената жена меѓу 19 нововработени во скопската пожарна

$
0
0

Менка Стојаноска од Скопје е единствената жена меѓу 19 нови пожарникари кои беа избрани на конкурсот на Град Скопје за подмладување на Бригадата за противпожарна заштита. 

Стојаноска (29) сега е втора жена меѓу 190 пожарникари кои секојдневно гасат пожари низ градот и интервенираат при сообраќајни и други несреќи, пишува САКАМДАКАЖАМ.МК.

„Желбата да се пријавам за пожарникарка спасител се појави сосема спонтано, созревајќи и спознавајќи се себеси. Пред три години слушнав дека има оглас за вработување на пожарникари, но не добив на време информации за огласот, па го пропуштив рокот за пријавување. Но, ете сега повторно имаше оглас, а желбата кај мене е уште поголема. Мислам дека со мојот карактер се пронаоѓам во она што го нуди ова професија и што се бара од неа“, вели Стојаноска.

Таа кажува дека кога ги доставила документите за пријавување на огласот во Град Скопје, наишла на позитивна реакција. Била единствена девојка меѓу 60 пријавени кандидати. Потоа, сите кандидати требало да минат тестови за физичка подготвеност во кои влегувало качување со надворешна скала, качување со апарат, качување по внатрешни скали и по јаже, пливање, трчање, правење склекови, стоење покрај ѕид.

„Со години тренирам боречки вештини, сум се натпреварувала во бразилско џуиџитсу, џудо и борење слободен стил. Токму тоа ми помогна без проблем да ги минам тестовите за физичка подготвеност. Но, менталната подготвеност и тимската работа е она што најмногу е потребно во оваа професија и токму тоа беше пресудно дали ќе минеме на интервјуто“, вели Стојаноска.

Комисијата за селекција на кандидатите одлучила дека Менка ги исполнува условите да биде дел од новите 19 пожарникари на Пожарната бригада.

„Пресреќна бев кога ми кажаа дека сум поминала, дека се задоволни од мене и од интервјуто виделе дека многу ја сакам оваа професија, а резултатите од физичките тестови ми биле одлични. Свесна сум колку е тешка и одговорна оваа професија, но доволно сум зрела и возразна и ќе дадам сè од себе да бидам успешна. Не сум била во ситуација да видам поголем оган и сигурно нема да ми биде сеедно. Но, знаејќи дека помагаш некому, спасуваш луѓе или нечиј дом кој со години тоа семејство го градело, е она што прави сè друго да се заборави“, вели Стојаноска.

Таа е свесна дека оваа професија се смета за машка и дека можеби кај некои колеги има сомнежи во неа, но вели тоа нема да ја обесхрабри и ќе ги увери во спротивното.

„Можеби кај нас се смета дека пожарникарството е машка професија. Не гледам пречка зашто девојка не може да биде пожарникар. Кога не гледаш препреки и силно сакаш нешто, многу полесно тоа се остварува и околината со тек на време ја прифаќа таа идеја. Во разговори со постарите колеги се почуствував прифатена, сакаат да го пренесат нивното знаење и на сите нови кандидати ни велат едвај чекаме да влезете во смена. Претпоставувам кај некого има и сомнежи, но мене ми останува да ги убедам во спротивното“, вели Стојаноска.

Во станицата во Автокоманда на Денот на пожарникарите – 20 Мај, таа и останатите 18 кандидати ќе бидат назначени за пожарникари спасители.

Владата ги укина мерките против загадувањето - неизвесно дали утре учениците ќе одат на училиште

$
0
0

Владата ги укина мерките и препораките за заштита од загадувањето, но дали утре ќе почне втрото полугоди, во текот на денот треба да соопшти Министерството за образование.

Во продолжение го објавуваме интегрално соопштението на Владата

Ве информираме дека согласно податоците од ДАМСКВ на ден 21.01.2019, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 188  mg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Скопје на мерните места Центар, Карпош и Ректорат, Миладиновци, Битола на мерните места Битола 1 и Битола 2, Гостивар и Тетово.

Исто така, Ве информираме дека прагот за алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 188 mg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, е надминат на мерното место Струмица.

За градот Струмица остануваат на сила препораките и мерките согласно заклучоците од 40-та седница на Владата на Република Македонија.

Ја информираме јавноста дека согласно заклучоците од записникот од 40-та седница на Владата на Република Македонија одржана на 28.11.2017 година, почнувајќи од 23 јануари се укинуваат следните препораки и мерки:

Владата на Република Македонија: 

Ги задолжува сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост:

- да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма и други хронични респираторни болести, прележан миокарден инфаркт, мозочен удар и други кардиоваскуларни или онколошки болести без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар; 

- да ја намалат (до 50%) употребата на службените возила.

Препорачува на Единиците на локална самоуправа да ги ограничат работите на градежните објекти;

Препорачува на Единиците на локална самоуправа да ја намалат (до 50%) употребата на службените возила и да ги следат сите останати препораки согласно заклучокот.

Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Министерството за здравство:

· Им препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма и други хронични респираторни болести, прележан миокарден инфаркт, мозочен удар и други кардиоваскуларни болести или онколошки болести без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар;

· Им препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11.00 до 17.00 часот;

·Препорачува  да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено;

Министерството за здравство:

Ќе обезбеди услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба;

Ја задолжува Службата за итна медицинска помош да доставува Информација до ИЈЗ за број на повици (според дијагноза/код на МКБ10, пол, возраст, место на живеење/општина), за времетраењето на епизодата на алармантно загадување на воздухот на дневна основа се до завршување на епизодата и една недела по завршувањето;

Министерство за труд и социјална политика во соработка со Црвениот крст, Здравствениот дом и Единиците за локална самоуправа:

Ќе обезбедат прифатилишта за сместување на бездомници;

Ќе дадат поддршка на стари осамени лица преку организирани посети.

Државниот инспекторат за животна средина:

Започнува со вршење на зачестена контрола на Инсталациите кои што поседуваат А – ИСКЗ дозвола, спроведување на контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух со акредитирана лабораторија со цел да се утврди дали се применуваат пропишаните услови/мерки во Дозволата по однос на емисиите во воздух.

Министерството за животна средина и просторно планирање подготви и достави:

Препорака до Инсталациите коишто поседуваат А – ИСКЗ дозвола, за намалување на капацитетот на производство (до 50 %) со што од оваа мерка ќе бидат исклучени инсталациите кои што произведуваат топлинска или електрична енергија.

ЕЛС се должни да ги спроведат мерките пропишани во краткорочните планови или краткорочните мерки донесени на Советите на општините.

Скопје и денеска е екстремно загадено

$
0
0

Концентрациите на ПМ10 честички паднаа под утврдениот праг на алармирање на 200 микрограграми, но се уште се над максимално дозволените. Загадувањето на воздухот и денеска е над дозволеното, мерките воведени вчера и денеска се применуваат, а се очекува од утре да бидат укинат.

Последните мерења на мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање покажуваат концентрации на ПМ 10 честички од 84 во Центар, 97 во Карпош, 131 кај Ректорат, 120 во Миладиновци и 70 во Бутел.

Од вчера освен кај Ректорат каде се регистрирани концентрации над 200 микрограми, секаде се под оваа граница но се сепак над дозволените 50 микрограми.

Среднодневната гранична вредност денеска се движи од 106  микрограми на метар кубен во Центар, 102 во Карпош, 151 кај Ректорат, 98 во Миладиновци, 103 во Бутел, а највисока во Македонија е во Струмица 199 микрограми.

Viewing all 34916 articles
Browse latest View live


<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>