Овните прават грешки, Близнаците ќе запознаат интересна личност.
![]()
Прочитајте го хороскопот за 3 март.
Овен
Ве очекува поволен ден во кој лесно ќе ги решите сите проблеми. Ќе бидете задоволни.
Партнерот се труди да ви објасни дека правите грешки.
Проблеми со алергиите.
Бик
Во текот на денешниот ден ќе бидете оптоварени со работни обврски.
Имате впечаток дека саканата личност не е доволно подготвена за сериозни чекори.
Можен е пад на имунитетот.
Близнаци
Ве очекуваат среќни околности на полето на работата. Најдете доволно време да се посветите на своите амбиции.
Ви следи интересно познанство ако сте слободни. Ако имате партнер, можна е веридба.
Чувствителен кардиоваскуларен систем.
Рак
Поволен ден за решавање на проблемите на полето на работата. Ќе ја добиете поддршката од колегите и надредените.
Се чувствувате добро со саканата личност и среќни сте. Сметате дека вашата врска може да биде стабилна и успешна.
Проблеми со варењето.
Лав
Можно е да имате потреба да покажете дека некои работи се прават на поинаков начин.
Партнерот се сомнева во вас и имате проблеми и кавги поради таквата љубомора. Не ви годи таквата атмосфера.
Во одлична форма сте.
Девица
Имате впечаток дека сте направиле грешка на полето на работата која не сте сигурни дека можете да ја исправите.
Партнерот ви нуди максимална поддршка и добро се чувствувате поради тоа. Ве очекува поволен ден за љубов.
Хронични тегоби.
Вага
Имате можност да остварите нови договори кои ќе бидат значајни во иднина.
Подготвени сте за нови авантури. Ви годи вниманието кое го добивате. Уживате во новите можности.
Можни се проблеми со циркулацијата.
Шкорпија
Сакате да направите план во однос на работата до кој ќе се придржувате, но тоа не ви оди така лесно. Искористете го денот за одмор.
Ви се допаѓа личност која ја познавате подолго време. Подготвени сте да направите прв чекор.
Проблеми на нервна база.
Стрелец
Успешно се прилагодувате на промените на работа. Можете да очекувате дека ќе напредувате во наредниот период.
Решавате да тргнете од почеток. Сакате нова љубов.
Внимавајте на килограмите.
Јарец
На полето на работата ве очекува можност да исполните некоја своја желба, да ја остварите целта и амбицијата од претходно.
Полека доаѓа до заклучок дека личноста со која сте во врска не е идеален избор за вас.
Здравјето е одлично.
Водолија
Склони сте кон брзоплети реакции, а со самото тоа правите грешки и пропусти на полето на работата.
Внесувате нервоза во врската. Пред вас е неповолен период.
Внимавајте на холестеролот.
Риби
Можно е да имате финансиски потешкотии. Имате грижи над главата, но со позитивен став ќе најдете решение.
Пробувате да се опуштите и да се препуштите на позитивни чувства. Убаво ви е покрај саканата личност.
Посетете гинеколог или уролог.