Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all 34896 articles
Browse latest View live

Дали секогаш неверствата се случуваат во браковите каде нешто недостасува?

$
0
0

Освен болеста и смртта, и неверството е нешто што носи големо патење. Тоа уништува врски, пријателства и бракови.

Луѓето реагираат на различен начин на неверството, од силна осуда до игнорирање, па некогаш и одобрување. Неверствата се присутни и тоа многу повеќе одошто мислиме дека знаеме, но тие се различно сфатени од различни луѓе. Во западниот свет, аферите се доживуваат примарно преку штетата која ја носат.

Оние кои поминале низ тоа знаат дека неверствата придонесуваат да се преиспитуваме себеси како личности, нашиот идентите и самодоверба, но и нашето минато и иднина. Тие носат цел вртлог на емоции кои немаат негативно влијание само на личноста која е изневерена, туку вклучуваат повеќе луѓе и страни.

Модерните технологии придонесуваат се почесто луѓето да се осврнуваат на неверство, но тие се и можност полесно да се дознаат некои работи. Сепак, болката е огромна и иако на неверството различно се гледа во различни култури и општества, сепак болката е скоро иста.

Аферите можат многу да не научат на бракот и љубовните односи, за тоа што можеме да очекуваме, она што мислиме дека сакаме, како и на нашите права и одговорности. Според авторката Естер Перел, иако во минатото бракот бил прагматичен сојуз со што се осигурувале економската стабилноста и општествена поврзаност, денес тој претставува слободен избор на врзување меѓу 2 личности, кој се заснова на обврски и должности, но и на почит, љубов и приврзаност.

И понатаму го сакаме тоа што го носи традиционалното семејство – сигурност, имот, деца, но сега сакаме и да бидеме сакани и почитувани. На венчавката се кажуваат заветите, заклетвите на вечна љубов и тоа често се случува со сјај во очите. Но, без оглед на причините за неверствата, тие ги поништуваат таквите ветувањата.

Старата мудрост вели дека неверството се случува во браковите каде нешто недостасува, но во денешно време не е секогаш така. Неверството не мора да значи дека е симптом на неуспешна врска. Според оваа авторка, всушност и самото преголемо очекување од брачно блаженство може да не донесе до неверство. Порано, луѓето биле неверни бидејќи бракот не требал да пружи премногу љубов и страст. Денеска пак, луѓето го прават тоа бидејќи бракот не ја исполнува љубовта и страста која ја посакуваат или која мислеле дека ќе ја имаат.

Постојат и оние нарциси кои изневеруваат бидејќи „едноставно им се може“. Тие се личности кои не пропуштаат можности да изневерат и кои неверството не го сметаат сериозно, туку најчесто како сексуален чин кој им помага да се чувствуваат подобро.

Според други луѓе пак, неверството носи слобода. Тоа не го носи товарот кој го носат бракот и децата, туку е некакво безгрижно патување без обврски.

Штом тоа ќе се случи (и дознае) мора да се донесе одлуката: Што понатаму. Луѓето тогаш се соочуваат со реалноста и мораат да си дадат одговор на прашањето зошто го направиле тоа и да се носат со штетата. За некои е предоцна. За други пак, животот дури тогаш почнува.


Да внимаваат оние кои ќе постат за Велигден - мрсната храна се продава како посна

$
0
0

Во недела е Прочка, а од понеделник веќе почнуваат Велигденските пости. Да нивамаваат каква храна купуваат, оние кои планираат да постат, потсетуваат надлежните. 

Маркетите продаваат „посни“ производи кои содржат казеин и сурутка во прав. Потрошувачите не знаат дека овие две компоненти имаат животинско потекло и дека се практично измамени.

За време на велигденските пости под ознака „посно“ на рафтовите се нуди храна што содржи млеко, желатин од животинско потекло, свинска маст и други мрсни состојки.

Според експертите, за посни производи се сметаат оние во кои млечните масти се заменети со растителни, но, токму тука е манипулацијата.

Производите кои содржат казеин или сурутка (во прав) воопшто не се посни бидејќи потеклото на овие две компоненти е анимално. Точно дека од млекото се сепарира млечната маст и таа се заменува со растителна, но казеинот останува, и затоа производот не може и не треба да се декларира како растителен, уште помалку како посен. Слично е и со сурутката.

Сурутката е исклучително здрава, има висока хранлива вредност, ја забрзува дигестијата, ама е со животинско потекло.

Организацијата на потрошувачи (ОПМ) ја квалификува продажбата на наводно посни производи како нечесна пазарна пракса.

ОПМ апелира потрошувачите повеќе да внимаваат при купувањето и секогаш да ги читаат декларациите.

Оние што постат треба да се информираат и за храната што ја консумираат во рестораните и сендвичарите, а се нуди како посна, имајќи предвид дека може да биде подготвена на места и во садови во кои се готват и продукти од животинско потекло.

Најголем дел од младите работат на несоодветни работни позиции и имаат помали плати

$
0
0

Од половина до две третини од вработените во земјава се подвработени, односно се на несоодветни работни позиции во однос на своите квалификации, работат помалку часови или добиваат помала плата, што е особено изразено во приватниот сектор, покажува анализата на истражувањето  „Високообразовани, а нископлатени: Вработеност на младите“ што изминатите две години го споровел Finance Think Институт за економски истражувања и политики.

-Резултатите покажаа дека подвработеноста негативно влијаае врз платите кои ги земаат вработените, а особено ранливи се младите лица, дека во земјава младите се најизложени на овој феномен во споредба со врсници од Србија и Црна Гора.  Младите подвработени заработуваат за 14,3 проценти пониска плата од оние кои се на соодветна позиција. Резултатите покажаа и дека жените се поподложни на подвработеност, како и младите кои се со високо во споредба со оние со средно или основно образование, рече Благица Петрески од Finance Think.

Неусогласенаоста на понудата и побарувачката на пазарот на труд, рече е најголема и најизразена кај високообразованите млади, а помала во јавната администрација во споредба со индустрија и услужен сектор.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска вели дека Владата покрај напорите да отвори нови работни места, прави напори и тие да бидат поквалитетни и подостоинствени.

-Годинава го донесовме оперативниот план за вработување, во кој особен фокус се младите. Битен елемент е и практиканството како носечка алка, со цел тие да се стекнат со знаења и вештини за да бидат поконкурентни на пазарот на труд доколку се невработени, но и доколку се подвработени или работат нешто што сметаат дека треба да се промени, да се квалификуваат за места каде ќе добијат соодветна плата или плата која мислат дека треба да ја заработат, рече Царовска.

Таа потсети дека и годинава продолжува со реализација Младинската гаранција, за што се издвоени повеќе средства од лани, и од три града сега е проширена во три региони, а треба да опфати 9.000 млади.

Даниела Деспотов од Американската стопанска комора смета дека во земјава постои парадоксална ситуација – од една страна подвработеност и невработеност, а од друга страна недостиг на соодветен кадар.

-Тука има неиспегланост на понудата и побарувачката. Кадри кои не му се потребни на приватниот сектор, рече таа.

Затоа, вели треба да се обрне внимание дека образованоста и остручувањето се различни, дека со завршување на образованието, не се завршува учењето, туку дека е потребно остручување. Исто така, додава, треба да се обрне внимание на глобалните економски текови со неформални начини на вработување, работа од далечина, „фриленсинг“, онлајн активности, како и да се размислува за законска рамка за формализирање на тие начини на работа.

Жената во Македонија со исти работни карактеристики како маж заработува 17,9 отсто помалку

$
0
0

Жената во Македонија со исти работни карактеристики како маж заработува 17,9 отсто помалку, односно таа би морала да работи дополнителни 65 дена за да ја оствари истата плата како мажот. Слична е состојбата и во руралните средини, а највисока стапка на невработеност е забележана кај младите рурални жени, од кои 59 отсто се на возраст од 20 до 30 години.

Околу 64 проценти од руралните жени неработат, а најголема причина за тоа се негата на децата, како и неплатената работа во домаќинствата и семејните фарми

Овие поразителни бројки ги ставаат жените во подредена положба и уште повеќе ја зголемуваат нивната желба за подобра економска позиција и борбата еднакви можности и раководење со повисоки позиции. Тоа, според нив, може да биде клучно во менувањето на економската моќ на земјата.

Според потпретседателот на ССК, Габриела Кулебанова, треба веќе да ги надминеме стереотипите од типично машки и женски професии. Во Македонија веќе подолго време нема професија во која не може да се сретне жена. Жените ги има насекаде, возат автобуси, камиони, трактори, дури и во градежништвото.

Податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) за 2017 година покажуваат дека голем процент од работоспособните жени во Македонија не се активни на пазарот на трудот. Согласно податоците на ДЗС, 53,5 отсто од работоспособните мажи биле вработени, 15,8 проценти невработени, а 30,7 отсто неактивни. За разлика од нив, од работоспособното население кај женската популација само 34,6 отсто биле вработени, невработени 9,7 проценти, а неактивни биле високи 55,7 отсто.

– Сето ова укажува на фактот дека жените не само што тешко доаѓаат до раководни позиции туку дека тие се надвор од пазарот на трудот. Во согласност со анализите, тоа се должи на стереотипната перцепција за улогата на жените во општеството, како и фактот дека голем дел работат во рамките на сивата економија. Дополнително, иако дури една третина од компаниите во државава се основани од жени и официјално жени се назначени на највисоката раководна позиција, во пракса тоа воопшто не е така, поточно е само на хартија, додека таа функција реално ја вршат мажите, рече Кулебанова.

Според неа за да се подобри ваквата состојба потребно е сите фактори во општеството да се фокусираат на обезбедување на еднакви можности за жените, особено на повисоките позиции бидејќи тие често се работна сила на пониско ниво.

Валентина Дисоска, претседател на Здружението на бизнис жени смета дека неопходно е сите чинители да помогнат за промоција и зајакнување на потребата за развој на женското претприемништво… Најголеми предизвици на жените кои сакаат да започнат деловни потфати се пристапот до финансии, до информации, пристап до знаење и вештини за претприемништво, пристап до бизнис мрежи и ускладување на работниот и семејниот живот.

-Притоа треба да обезбедиме системска поддршка за развој на женското претприемништво како, подобрување на пристапот до поволни форми на финансирање, обезбедување на потребните знаења и вештини, со посебно нагласување на зајакнато присуство на жените во креирање на политики за развој на претприемништво, посочи Дисоска.

Васка Мојсовска, претседател на Националната федерација на фармери истакна дека само пет проценти од руралните жени се сопственици на имот и земјоделско земјиште, а најголема пречка и понатаму се традиционалните норми со кои се префрла имотот на мажите.

Според неа, потребно е од законите да се исфрлат мерките кои се дикриминаторски и со кои жените се ставаат во подредена положба во однос на мажите. Таа додаде дека руралните жени возат трактори, а руралните мажи неможат да измијат ни чинии.

Две опции за новото име на МАНУ

$
0
0

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција изјави дека течат добро разговорите за преименувањето на Македонската академија на науките и уметностите – МАНУ.

– Преименувањето ќе се случи, вели Заев, додавајќи дека МАНУ треба да одлучи дали ќе биде Национална академија на науките и уметностите или Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија.

Но, потенцира премиерот Заев, многу е важно како е регистрарана академијата секаде низ светот и, подвлече, пријателите од Грција тоа да не го спорат.

– Верувам дека работите се движат позитивино, рече меѓу другото Заев.

Истакна и дека во тек е спроведувањето на владината одлука за преименување на 136 државни институции.

Млади лидери од САД во посета на Општина Карпош

$
0
0

Делегација на Американскиот совет на млади политички лидери (ACYPL), составена од седум млади луѓе кои политички се активни во Соединетите Американски Држави САД), денеска, со посета на Општина Карпош ја започнаа својата работна агенда на повеќе институции во државата.

На средбата се разговараше за три теми и тоа за локалната самоуправа и нејзината поставеност, главни проблеми и предизвици за Општина Карпош и двонасочната комуникација со граѓаните.

Богоев патем говореше и за начинот на избор на градоначалникот и советниците при Советот, нивниот мандат, работата и други позначајни теми од функционирањето на локалната самоуправа.

Присутните  гости од САД имаа можност да слушнат за клучните проекти на кои Општината работи во овој период.

- Пред два дена започнавме нов проект, „Мој Карпош – Моја Картичка“, преку кој карпошани ќе добиваат попусти и бенефиции во повеќе од 250 локални бизниси.

Исто така, еден од покрупните проекти е изведбата на Спортско – адреналинскиот парк, долж Кејот на реката Вардар, чија изведба ќе започне наскоро, рече Богоев, кој пред присутните презентираше и повеќе визуелизации за изгледот на новиот парк.

Тема на дискусија, исто така, беше и поттикот за обнова и спас на спортската сала „Партизан“, како еден од  клучните  иницијативи на Општината.

Присутните млади од САД веќе беа запознаени за активната и постојана двонасочна комуникација на социјалните мрежи што Општината и градоначалникот ја имаат со граѓаните.

Тие се интересираа за корисноста од постојаната присутност на социјалните мрежи, дали правилно се користат и дали овој однос придонесува кон спречувањето на лажните вести.

- Јас сум најмладиот градоначалник и природно е да се очекува од мене да бидам присутен во интернет просторот. Оваа проактивност придонесува директно кон решавање на голем број проблеми на граѓаните, но, и кон спречување на ширење на лажни вести, со искрен одговор и брза реакција, посочи Богоев.

Во интерактивниот дел од средбата присутните разговараа за начинот на избор на носителите на јавни функции и за моделот на отворени листи.

 Градоначалникот Богоев посочи дека го поддржува овој концепт, затоа што на овој начин ќе се зголеми одговорноста на функционерите. Граѓаните ќе имаат поголема одлучувачка моќ, ставајќи ги компетенциите и афирмираноста на кандидатот во преден план.

 Делегацијата на ACYPL придружувана од претставници од Амбасадата на САД во Скопје овие денови ќе има поголем број на посети на институции, организации и градови во нашата држава.

Папата на 7 мај доаѓа во Скопје

$
0
0

Канцеларијата за печат при Светиот Престол во Ватикан, денеска, 7 март 2019 година ја објави програмата за посетата на Папата Франциск во Северна Македонија, при што ќе го посети Скопје, родниот град на Света Мајка Тереза.

Предвидено е на 7 мај наутро Светиот Отец да пристигне во Северна Македонија.

После официјалниот пречек, неговата Светост, Папата Франциск ќе се сретне со претседателот г-дин Ѓорге Иванов, со премиерот г-дин Зоран Заев, како и со претставници на граѓанското општество и дипломатскиот кор.

За време на својот престој во земјава, Светиот Отец ќе се сретне со верските лидери и со сиромашни лица.

Во програмата за апостолското патување на Папата Франциск во Северна Македонија предвидено е Светиот Отец да служи света Литургија, а потоа да присуствува на екуменска и меѓурелигиска средба со млади.

Светиот Отец, своето 29-то апостолско патување ќе го заврши во попладневните часови на 7 мај, одржувајќи средба со свештениците, нивните семејства и богопосветените лица, а потоа ќе се врати во Рим.

Претходно Светиот Отец ќе ја посети Република Бугарија и градовите Софија и Раковски.

Во Музејот на македонската борба: Изложба за жени борци за слобода и македонска државност

$
0
0

Во Музејот на македонската борба, денес се одржа традиционалната манифестација “Жената борец за слобода и македонска државност“.

Преку тематската изложба и хуманитарна работилница, но и потсетување на светлите моменти од македонската историја кои во својот фокус ја имаат жената, се одбележува 8 Март, Меѓународниот ден на жената.

Свеченоста ја отвори Даниела Николова. в.д.на Музејот на македонската борба, која се осврна на улогата на жената низ историјата, посебно на генезата на Меѓународниот ден на жената и активностите на заслужните активисти.

“Со оваа изложба се обидовме од историски аспект да го претставиме исконскиот стремеж за слобода и учеството на жената во борбите за општествени промени. Низ краток историски осврт и автентични фотографии на жени ајдутки, револуционерки и партизанки од различни националности, имавме за цел да го доближиме посетителот до едно историско време во кое со многу жртви и храброст е постигната и озаконета рамноправната положба на жената во Македонија и дека не само мажите туку и жените имале една важна улога и значење во борбата за постигнување на конечната цел за слободна и независна Македонија“, посочија авторките Ана Вишинова и Даниела Митевска.

На присутните им се обрати и Ирена Колиштрковска од Археолошкиот музеј, која низ електронска презентација ги претстави “Праисториските дами од Македонија“.

Во музичкиот дел свој настап имаше ансамблот “Македонија“, а во рамки на манифестацијата се одржа и хумантарна работилница во соработка си Здружението на лица со инвалидитет “Мобилност“ од Скопје.


Без струја утре делови од Центар, Кисела Вода и Студеничани

$
0
0

Од ЕВН Македонија АД, добиено е известување дека на ден 08.03.2019 година  (петок) поради закажани технички зафати во системот  без електрична енергија ќе останат:

  • од 09,00 – 13.00 часот дел од бул. Илинден: бр. 90 и околните објекти (о. Центар );
  • од 09,00 – 15,00 часот дел од с. Батинци – улици 1, 2, 3, 4, 5, 6 и 7 (о. Студеничани);
  • во време од 08,30 – 10,30 часот ул. Геори Димитров (о. Кисела Вода) и
  • во време од 11,00 – 14,30 часот дел од ул. Партение Зографски (о. Центар).

Чистење на косините на кејот на реката Вардар

$
0
0

Екипи на „ЈП Улици и патишта“ деновиве почнаа со чистење на косините на кејот на реката Вардар.

Во рамките на овие активности рачно се чисти десната косина на Вардар на потегот од хотелот „Александар Палас“ до болницата „Аџибадем Систина“. На овој потег се коси тревата, се отстрануваат грмушките и другата вегетација, а се собира и пластичната амбалажа.

Чистењето на косините ќе продолжи и во наредниот период во делот кај мостот „8 Септември“, а потоа и кон населба Влае од левата страна на мостот „Обединети Нации“.

Чистење на косините на кејот на реката Вардар

$
0
0

Екипи на „ЈП Улици и патишта“ деновиве почнаа со чистење на косините на кејот на реката Вардар.

Во рамките на овие активности рачно се чисти десната косина на Вардар на потегот од хотелот „Александар Палас“ до болницата „Аџибадем Систина“. На овој потег се коси тревата, се отстрануваат грмушките и другата вегетација, а се собира и пластичната амбалажа.

Чистењето на косините ќе продолжи и во наредниот период во делот кај мостот „8 Септември“, а потоа и кон населба Влае од левата страна на мостот „Обединети Нации“.

Единаесет лица починаа од грип, а две се во критична состојба

$
0
0

Уште двајца пациенти заболени од грип се во критична состојба и се на апарат за механичка вентилација. Се надевам дека нема да има дополнително влошување на нивната здравствена состојба, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека, за жал, се случиле такви медицински компликации да не можело да се спасат животите на оние кои починаа од компликации од грип.

-Тие беа со претходни заболувања од кои две беа деца. Ние сме во секојдневна комуникација со сите членови на Комисијата за заразни болести, со директорката на Клиниката за инфективни болести и се преземаат сите мерки, рече Филипче.

Оваа сезона 11 лица починаа од компликации од грип.

Од 138 палми зимата ја преживеаја само 16

$
0
0

Студениот скопски воздух и ниските температури што владееја зимава во заминување, го преживеаја само 16 палми. А беа набавени повеќе од илјада во текот на 2015 година, многу од нив се исушија уште незасадени.

Во Скопје беа засадени 138 палми покрај Кејот “13 Ноември”, а останатите воглавно во Гевгелија, Дојран, Преспа и Охрид, но во текот на изминативе четири години се сушеа една по една.

– Во моментот останати се уште 16 палми што се наоѓаат на Кејот на Вардар. Кога станува збор за палмите, оваа зима се потрудивме сите да останат живи – во изјава за весникот “Вечер” кажа директорот на ЈП”Паркови и зеленило”, Адриjан Муча.

Дека ваква судбина ќе ги задеси овие тропски дрвја уште тогаш предупредувале двајца дипломирани шумарски инженери од ЈП “Македонски шуми”. Тие сметале дека засадувањето палми во Скопје од типот trachycarpus fortunei е мошне ризично поради карактеристичната микро клима, т.е. температурната инверзија, поради што студен воздух и ниски температури може да се задржат подолг период. Двајцата инженери предупредиле дека според нивните сознанија, влакнестата палма може да издржи температури до -12 степени.

Целата приказна околу палмите почнува во мај 2013 година кога на седница на Влада беше задолжено ЈП “Македонски шуми” да изготви Акционен план. Со овој план било предвидено во 2013, 2014 и 2015 година да се засадат вкупно 5.550 садници олеандри (nerium oleander) и 582 садници влакнеста палма (trachycarpus fortunei). Потоа ЈП “Македонски шуми” распишува тендер за набавка на 1.100 палми што е двојно повеќе од предвидените со Акциониот план.

Инаку, садењето на палмите во Скопје се изведува во текот на јуни 2015 година. Комисиите што по еден месец по садењето излегле на терен за да видат како напредуваат палмите, констатирале дека десетина од нив не преживеале поради тоа што неколку недели се чувани во несоодветни услови, а дел биле нестручно засадени.

Од ЈП “Паркови и зеленило” велат дека оваа неуспешна приказна никогаш нема да се повтори. Оттаму планираат во соработка со Град Скопје, низ секоја зелена површина да засадат цвеќиња и дрвја коишто ќе можат да се адаптираат на климатските промени и на нашето поднебје.

– За оваа година заедно со Град Скопје планираме да садиме околу 12.000 нови садници на цела територија на градското подрачје. Сакаме да му го вратиме зеленилото на Град Скопје, и токму за тоа во моментов сме фокусирани на грижата за новите садници низ градското зеленило. Садиме нови садници и паралелно вршиме постепено интервенции на старите дрвја, во зависност од ризичноста на состојбата во која се наоѓа (колку е старо, болно, скршено, високо). Јас кога дојдов за директор затекнав 1.100 нереализирани решенија за сечење дрвја, лани исековме педесетина – вели директорот Муча.

Екипи на ЈП “Паркови и зеленило” се веќе во процес на дополнување на цветниот расад низ парковите и булеварите во градот, се вршат многу акции на расчистување на теренот, собирање лисја и отпадоци, како и закројување на дрвцата и грмушките пред да почне пролетната вегетација.

– Исто така во тек е започнувањето на два поголеми проекти за ова година, а тоа е реконструкција на Кејот на Вардар и комплетна реконструкција на Градски парк – втор дел каде што ќе се работи делумно, парцела по парцела, затоа што станува збор за голема површина и заживување на истиот – нагласи Муча.

УЈП ја објави најновата листа на должници

$
0
0

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.02/2019 за долгови доспеани до 31.10.2018 и неплатени до 31.01.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На Листата на должници бр.2/2019 објавени се 2.196 должници – правни лица (повеќе за 62 од претходната листа) и 2.427 физички лица (повеќе за 31 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.2/2019 изнесува 9.958.252.401 денари, помалку за 163.761.186 денари од претходната листа.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.929.026.709 денари (помалку за 43.237.747 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 29.225.692 денари (пoмалку за 120.523.439 денари од претходната листа).

Листата на должници можете да ја погледнете тука.

Киднапирана малолетничка во Студеничани: Познаник 40 минути на сила ја држел во автомобил

$
0
0

Во 09.30 часот во СВР Скопје, 43-годишен маж од село Студеничани, скопско, пријавил дека околу 14.00 часот на булевар „Кузман Јосифоски-Питу“ неговата 16 - годишна ќерка била пресретната од А.Р. од село Студеничани, со кого од претходно се познавале, кој на сила ја внел во своето возило, но по 40-тина минути ја пуштил да си оди без никаков физички контакт.

Се преземаат мерки за целосно расчитување на случајот.


Општина Кисела Вода со мултимедијален хепенинг го одбележа Денот на жената

$
0
0

Во големата сала на Општина Кисела Вода со мултимедијален хепенинг се одбележа 8 - ми Март, Денот на жената.

Одбележувањето на овој голем ден со музички и ритмички точки, со ликовни творби и креативни изработки го збогатија децата од основните училишта и градинки од општината.

Имено, на децата од училиштата и градинките и нивните ментори кои учествуваа на конкурсот кој неодамна на тема: 8 - ми Март, Ден на жената го објави локалната самоуправа претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ заедно со секретарот на Општината, Александар Алексовски  им доделија благодарници и дипломи за најдобрите цртежи и изработки.

Комисијата составена од градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски ги награди ликовните творби и креативни изработки на следните ученици од општинските основни  училиштата и дечињата од двете јавни детски градинки:

ЈДГ „Весели Цветови“

- I место - Клара Нешиќ, ментор Марина Бузалковска

- II место - Димитар Ристов, ментор Анета Младенова Јачовска .

- III место - Христијан Георгиевски, ментор Анета Младенова  Јачовска

ЈДГ „8 Март“

- I место - Ева Бојовска,ментор Милка Јовевска

- II место - Максим Сегер, ментор Наташа Стевковска

- III место - Лана Дајчиновска, ментор Ирена Николовска

Награда за креативна изработка Лука Настовски ,ментор Тања Јовановска

Ликовни творби прва категорија

-  I место - Сашка Ѓорѓиоска IV 3 одделение ООУ „Круме Кепески“ ,ментор Ирена Павлоска

-  I место - Ева Стојчевска IV 2 одделение ООУ „Круме Кепески“ ,ментор Марина Крстевска Ангелова

-  II место - Лука Љотиќ III а одделение ООУ „Рајко Жинзифов“, ментор Весна Стевановска и Светлана Жежовска

- II место - Андреа Спасовска IV а одделение ООУ „Рајко Жинзифов“,ментор Горица Станковска и Елизабета Младеновска.

- III место - Матеа Исовска IIIа одделение ООУ „Рајко Жинзифов“,ментор Весна Стевановска и Светлана Жежовска

- III место - Јована Пешова IVа одделение  ООУ „Рајко Жинзифов“,ментор Горица Станковска.

Ликовни творби втора категорија

-  I место- Елеонора Серафилоска IXв одделение ООУ „Кирил Пејчиновиќ“, ментор Лидија Цакович

 - I место - Ева Карамановска IXб одделение ООУ „Рајко Жинзифов“, ментор Даниел Манасиев

- II место - Калина Митревска VIII1 одделение ООУ „Кузман Јосифовски Питу“,ментор  Лидија Цаковиќ

- II место - Ангела Петрушевска IXв одделение ООУ „Кирил Пејчиновиќ“,ментор Лидија Цаковиќ

- III место - Марија Стаменова IX3 одделение ООУ „Кузман Јосифовски Питу“, ментор  Лидија Цаковиќ

- III место - Анастасија Димитрова IXб одделение ООУ „Партенија Зографски“, ментор Јулијана Арсовска.

Прва категорија креативни изработки

  - I место- Матеј Илиев IV3 одделение ООУ „Круме Кепески“,ментор Ирена Павлоска

-II место - Кара Селовски Iа одделение ООУ „Партенија Зографски“, ментор Ирена Србиновска и Халед Никовски

- III место-Матеа Блажовска IIIб одделение ООУ „Кирил Пејчиновиќ“, ментор Анета Буковалова

- III место- Христина Цветановска IVв одделение ООУ „Рајко Жинзифов“ , ментор Виолета Николин.

Втора категорија креативни изработки

-  I место- Учениците од IX2 одделение од ООУ „Климент Охриски“ ,ментор Биљана Илиева

- II место - Мила Маркоска  IXб одделение ООУ „Рајко Жинзифов“ ,ментор Даниел Манасиев

- III место - Јана Петрушевска VIIб одделение ООУ „Партенија Зографски“, ментор Јулијана Арсовска

- III место - Ева Карамановска  IX одделение ООУ „Рајко Жинзифов“.

Вработените од Пивара Скопје на заедничко книжевно матине со младите од СОС Детско село

$
0
0

Вработените од Пивара Скопје и младите од СОС Детско село, на заедничко дружење, со низа активности, го одбележаа годинешниот Меѓународен ден на жената – 8-ми Mарт.

„Среќни сме што повторно имаме можност на овој начин да го одбележиме денот посветен на зацврстување и унапредување на улогата на жената во општеството. Вработените на Пивара Скопје уште еднаш покажаа подготвеност и желба да помогнат, овој пат на младите луѓе од СОС Детско село, со активности интересни и поучни за нив кои ќе им помогнат и ќе ги мотивираат на нивниот пат кон прераснување во здрави и одговорни индивидуи.

Горди сме на компаниските вредности кои ги негуваме и остануваме посветени на обезбедување активен придонес во унапредување на квалитетот на животот на заедницата и градење квалитетно и инклузивно општество за следните генерации“, изјави Ламбро Патче, менаџер за односи со јавност и комуникации во Пивара Скопје.

Најновата волонтерска акција се состоеше од емитување краток документарец посветен на историјата на Денот на жената, квиз, како и работилници на кои младите од СОС Детско село и волонтерите од Пивара Скопје читаа инспиративни приказни и разговараа.

„Соработката и пријателството со Пивара Скопје и понатаму продолжуваат, што нѐ прави особено среќни. Денешната размена на искуства, заедничкото учење и разговорите со луѓе успешни во своите професии, за нашите тинејџери се од големо значење и претставуваат вистинска поддршка и правилен поттик и насочување кон понатамошна успешна и самостојна иднина“, изјави националниот директор на СОС Детско Село Македонија, Јулијана Гапо. Ова е уште еден од низата проекти кои се резултат на соработката меѓу Пивара Скопје и СОС Детско село.

Минатата година, жените од сите работни позиции во Пивара Скопје го одбележаа Меѓународниот ден на жената заедно со најмладите од СОС Детско село, кога под мотото „Садиме љубов“ заеднички засадија цвеќе и други декоративни растенија за разубавување на амбиентот во дворот на СОС Детско село Скопје. Волонтерите од Пивара Скопје се дружеа со децата од СОС Детско село и за време на новогодишните празници, кога заедно подготвуваа традиционални новогодишни колачиња.

Мопед изгуби контрола и излета од патот

$
0
0

Во 18,00 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на булеварот “Партизански Одреди“ наспроти Трговскиот центар “Порта Влае“, 61-годишниот  Б.Л. од Скопје управувајќи мопед „Бенели“ изгубил контрола и паднал од мопедот.

Тој бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“, каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

Малолетник од Шишево нападнат на Партизанска

$
0
0

Родител од скопското село Шишево, на 7 март во полиција пријавил дека неговиот 17-годишен син бил нападнат на булеверот „Партизански одреди“.

Според пријавата на 39-годишниот шишевец, неговиот малолетен син го нападнале неколку лица, меѓу кои успеал да препознае 18-годишен соселанец.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Исчезна штитеник од домот „Ранка Милановиќ“

$
0
0

На 07.03.2019 во СВР Скопје, вработена во домот „Ранка Милановиќ“ пријавила дека од домот се оддалечил штитеникот Ф.К.(19) од Скопје, кој повеќе од десет пати се оддалечувал од домот и е враќан од полициски службеници.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Viewing all 34896 articles
Browse latest View live


<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>