Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all 34906 articles
Browse latest View live

Фрлен молотов коктел на барака на ЈП „Паркови и зеленило“, изгорена е целата опрема

$
0
0

Ноќеска изгоре барака на ЈП „Паркови и зеленило“.

Како што дознаваме изгорена е целата опрема за одржување на парковите.

Неофицијално информации се дека врз објектот бил фрлен молотов коктел.


Во понеделник почнува велигденскиот пост

$
0
0

Во понеделник почнуваат велигденските пости.

Велигденскиот пост опфаќа 7 недели, односно 7 седмици. Трае 48 дена, од Прочка до Велигден. Велигденскиот пост е најдолгата и најстрогата форма на постење, а постот значи воздржување телесно и духовно: воздржување од мрсна храна и од гревовност. Постот е потреба и за телесното и за духовното здравје. И најважно, постот не е само воздржување и одрекување од храна, туку е важен и духовниот пост - одрекувањето и воздржувањето од секое зло и грев. Во тие дни треба да се испитаме себеси, да се воздржиме од лошите мисли, зборови и дела, да се покаеме и да се исповедаме. Да се измириме и да се очистиме. Духовно да се зајакнеме и да се збогатиме. Да правиме добри дела и да покажеме љубов кон Бога и кон луѓето, велат од МПЦ

Според свештениците правилниот пост е од понеделник до петок да се готви без масло, а сабота и недела со масло, додека пак рибата е дозволено да се јаде два пати во текот на постот, за Цветници и за Благовец
 Но свештениците препорачуваат овој пост да се практикува првата и последната недела, а во останатите недели пост без масло да се практикува понеделник, среда и петок. Доколку несвесно го прекршите постот, црквата препорачува да продолжите да постите.

Пожар во Љуботен, изгорела штала со тутун и сено

$
0
0

Вчера попладне, околу 17.40 часот било пријавено дека во скопското село Љуботен настанал пожар во штала сопственост на Џ.А.Р. (59), при што изгорела кровната конструкција, а опожарено било и поголемо количество на тутун и сено.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита-Скопје, пожарот бил изгаснат.

Повредени лица нема. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

Циклонот Викторија од вторник ќе ни донесе студ, дожд, снег, силен ветер и мраз

$
0
0

Засилен до силен северен ветер, пад на температурите дури и за околу 15 степени, дожд, снег и мраз како и негативни температури ќе ни донесе зимскиот циклон ВИКТОРИЈА, предупредува метеорологот Славчо Попоски. 

Тој ќе се формира над нашите краишта и ќе услови врнежи во понеделник доцна попладне, навечер како и во текот на ноќта кон вторник но и во вторник, на повеќе места ќе има врнежи од дожд и снег на планините, меѓутоа поради спуштањето на значително постудена воздушна маса од север врнежи од снег ќе има и на повисоките места каде ќе се формира нова снежна покривка, снежната граница има услови да се спушти и под 1000 м.н.в со што послаби локални врнежи од снег ќе има понекад еи низ населените места во државава.

Поради разведрувањето во текот на ноќта вторник кон среда температурите уште повеќе ќе опаднат и во среда наутро на многу места ќе бидат негативни и ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 3 степени додека на високите места и на планините истите ќе се спуштат и под -10 степени, токму поради оваа ситуација ќе има појава на голомразица па така пешаците, а особено возачите и тоа доколку минуваат низ планинските превои да бидат крајно претпазливи.

Почитувани граѓани уживајте во овие рано – летни температури на воздухот се до понеделник кон крајот на денот а потоа спремајте ја топлата облека, да напоменеме уште еднашка дека овие рано – летни температури на воздухот се должат поради продорот на значително потопла воздушна маса која продира од северните предели на Африка и условува невообичаено високи температури на воздухот кој се повисоки од нормалните дури за околу десет степени.

Да напоменеме уште дека освен кај нас, снеѓни врнежи ќе има и во регионот односно во Црна Гора, Босна и Херцеговина како и во јужните и југозападните предели од соседна Србија каде локално и тоа оскбено на повисоките и планинските места ќе дојде до формирање на позначителна снежна покривка, проблеми ќе прави и ветерот кој ќе биде олуен и во овие места како и на Јадранот локално ќе достигнува брзина од на 100 км/час па сите вие кој се наоѓате токму тука да бидете крајно претпазливи.

Убавото време ги размрда велосипедистите – совети како да бидете безбедни во сообраќајот

$
0
0

Оние кои се вистински фанатици на возењето велосипед, не ги гледаат временските услови, туку едноставно се качуваат и уживаат во вртењето на педалите.

Ни пристигнаа пролетните сончеви денови. Многу луѓе, млади и стари, го сакаат токму овој период за да можат да се рекреираат со возење на велосипед.

Возењето велосипед е здрава и убава физичка активност, но ако сакате да се заштитите во сообраќајот, тогаш мора да се придржувате до некои правила, да ги почитувате советите.

1. Држете ја вашата страна и секоја промена на насоката, сигнализирајте со рака!

Иако сте сигурни во вашето возење, потребно е и другите учесници во сообраќајот да го забележат тоа. Со сигналицизација со раката ќе остварите директен контакт и почитување кон другите учесници, ќе го привлечете вниманието со вашето присуство и ќе допринесете за безбедно и удобно возење велосипед во градот.

 2. Внимателно поминувајте покрај паркираните автомобили

Бидете внимателни кога на десната страна на коловозот има паркирани автомобили. Често се случува возачот одеднаш да ја отвори вратата и да излезе од автомобилот, а тоа е една од најчестите причини за страдања на велосипедистите.

 3. Осветлете се

Задолжително користете предно и задно светло кога возите во текот на ноќта. Доколку немате светла кои ќе укажуваат на вашето присуство, подобро е да не возите навечер.

 4. Користете лев ретровизор, да ја контролирате вашата лента

Тоа ви овозможува преглед на просторот од каде што доаѓа најголема опасност. Кога ќе ги воочите останатите учесници во сообраќајот, во можност сте навремено да завземете безбедна позиција во лентата за движење. Доколку забележите дека ви се приближува автомобил со поголема брзина, можете со рака да дадете сигнал за означување на присуството на патот.

5. Слушајте што се случува околу вас

Иако е честа слика на улиците возење на велосипед и слушање музика на слушалки, тие две работи едноставно не одат заедно. Треба секогаш да се слушне сето она што се случува околу вас.

Автопатот Миладиновци - Штип не е пуштен за сообраќај, возачите да не го користат

$
0
0

Автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај.

На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер, соопшти денеска АМСМ, упатувајќи апел до сите возачи да не го користат автопатот.

Самоубиство во Скопје - тело пронајдено под мостот во Маџир Маало

$
0
0

Мртво машко тело претпладнево е пронајдено во скопската населба Маџир Маало, дознава КУРИР.

Телото било пронајдено под мостот, а според првичните информации до кои дојде КУРИР, човекот се фрлил од него.

Инаку, во последниве 24 часа, ова е второ самоубиство во Скопје. Вчера претпладнето околу 11 часот, маж на возраст од 56 години си го одзеде животот скокајќи од 5. кат на улицата Трифун Бузев бр.1 во скопската населба Карпош 4. 

ООУ „Димитар Миладинов"го одбележа празникот Масленица по руски или по македонски Прочка

$
0
0

Единственото училиште во Општина Центар, каде факултативно се изучува рускиот јазик, ООУ "Д. Миладинов"и оваа година го одбележа празникот "Масленица"по руски или по македонски "Прочка".

Ученицте со игра и песна ја испратија зимата и и посакаа добредојде на пролетта. Симболично, во дворот на училиштето запалија сламена кукла, со што на традиционален начин ја испратија зимата. На настанот присуствуваа Градоначалникот на о. Центар, Саша Богдановиќ и Амбасадорот на Руската Федерација во нашата држава, Сергеј Баздникин.


Сонцето го наполни Градскиот парк - скопјани уживаат во убавото време

$
0
0

Сонцето и високите температури кои се невоиобичаени за овој период од годината, го наполнија Градскиот парк во Скопје.

Од најмали до најстари, сите уживаат во сончевиот викенд.

Мајки со мали деца и колички, пензионери, тинејџери, раздвижноста денеска е голема. 

Метеоролозите, сепак со лоши вести. Сончеви денови не очекуваат уште утре, веќе од почетокот на наредната недела се очекува значително заладување. 

Поради промената на времето екипите на Брзата помош очекуваат зголем број на повици

$
0
0

Метеоролозите од вечерва веќе најавуваат голема промена на времето. 

Лекарите апелираат до граѓаните, особено до метеопатите и хронично болните да внимаваат овој период, да ги земаат редовно препишаните лекови. 

Зголемен број повици во врска со нарушеното здравје на хронично болни, зголемен крвен притисок, главоболки, вртоглавици, малаксаност, недефинирани состојби, очеуваат екипите на Брзата помош. 

Периодов, како што велат лекарите постои и опасност од мозочни удари. 

Тие препорачуваат при вакви временски промени луѓето, особено хронично болните, доколку немаат итна потреба да не се изложуваат на физички напор, да ги намалат дневните активности, да ја земаат неопходната терапија и да земат нешто за смирување.

– Не треба да се зголемуваат своите физички активности во смисла на некое подолго пешачење, во смисла на качување на Водно, да имаат активности во рамките на нивните можности. Треба да се внесува полесна храна и да се пие многу вода. Тие што планираат да патуваат треба да поаѓаат во раните утрински или вечерни часови во одморена состојба и често да прават пауза, велат лекарите.

Денеска е Прочка - празник за проштевање и прочистување од гревовите

$
0
0

Прочка претставува голем празник за македонскиот народ и со него се поврзани голем број обичаи и верувања. Очигледно е дека проштевањето е обичај востановен под влијание на црквата, додека огновите, гатањата, карневалите… се остатоци од претхристијанските пролетни забави.

Празникот Прочка или Велики Поклади, меѓу народот познат и како Проштени Поклади, спаѓа во најголемите христијански празници, според некои веднаш по Божик и Велигден. Овој празник доаѓа по неколкуте зимски празници како што се: Бадник, Божик, Водици, Св. Трифун и ги поврзува со поголемиот број пролетни празници како што се: Тодорова Сабота, Летник, Св. 40 маченици (Младенци), Благовештение, Цветници, Лазарева Сабота, Велигден, Ѓурѓовден и др. Со Прочка започнуваат и долгите Велигденски пости, период исполнет со многу обичаи и верувања, со многу одречувања и надежи за пречек на Христовото воскресение (Велигден) за причесна и идентификација со Спасителот Исус Христос.

На Прочка се изведуваат богати обичаи како што се проштевањето (оттука и празникот го добил името), потоа амкањето, обредните огнови, богатата трпеза, гатањето за живот и среќа, обичаите за очистувањето од болви, вошки и други штетници итн. Очигледно е дека некои обичаи како што е на пр. проштевањето имаат христијанска основа, додека другите се остатоци од претхристијанските пролетни празнувања.

Кога станува збор за празникот Прочка не смее да се изостават деновите што му претходат на овој празник. Една недела пред Прочка (поточно во саботата) е Задушница. Саботата пред Прочка во некои краишта на Македонија е познат под името Умрело дете за баничка, во други, само Дете за кора. Тоа е поврзано со легендата за некое сиромашко дете кое гледајќи како богатите секој ден носат сукани јадења на фурната побарало од мајка му да му меси баничка. Мајка му, бидејќи немала брашно постојано го лажела дека следниот ден ќе му меси, а детето чекајќи и плачејќи умрело. За спомен на тој ден и на тоа дете останало на овој ден да се меси баничка, зелник или друга храна и да се раздава.

Неделата пред Прочка се вика Месопусна или Месна недела, а некои ја викаат и Месни поклади зашто на тој ден се запокладува (односно се запостува) со месо, месни производи и свинска маст. Овој период од седум дена од Месни поклади до Прочка се вика и Сирна недела или Сирници поради тоа што во овој период се јадат млечни производи. Некои ја викаат и Бела недела. Според преданието на некој што умрел во текот на овие денови во забите му нашле месо што го сметале за причина за смртта. Оттогаш останало строго да се внимава во текот на Сирната недела да не се јаде месо.

Од обичаите што се изведуваат на Сирни понеделник интересно е канењето на ветерот да дојде преку летото кога е потребен за веење на житото. Имено тогаш се прави „топејнца“ и со кисело млеко или „маштејнца“ се носи на гумното, три пати се трча низ гумното со викање: „Ела ветре да јајме топејнца,/ в лето да дојш да вејме чејнца, / југу, југу, југу…“ Потоа храната се изедува до стежерот.

Од Сирни поклади, односно од Прочка не се јадат и млечни производи со што започнуват големите, долги седум недели, Велигденски пости, што траат до Велигден.

Обичајот проштевање тргнува од христијанското сфаќање за помагање и проштевање меѓу луѓето. Се верува дека на овој ден и небото и земјата се проштеваат па тоа треба да го сторат и луѓето. Небото затоа што и погрешило на земјата со громови, мразеви, поројни дождови и сл. бара прошка. И луѓето еден од друг бараат прошка за грешките. Притоа, секогаш помалиот бара прошка од постариот, децата од родителите, крштеникот од кумот, а се проштеваат и пријатели, роднини, соседи итн. Откако три пати ќе се поклони помладиот му вели на постариот: „Прости ми!“, на што овој одговара: „Простено да ти е и од мене и од Господа“, или само: „Просто да ви е“. Во некои краишта на Македонија тој што барал прошка носел некаков подарок како портокал, лимон, суво грозје, алва, јајце и др. и во таа смисла во некои краишта портокалот останал како симбол на проштевањето. Во населените места посебен впечаток во вечерните часови на овој ден остава раздвиженоста на населението, кога многумина во групи брзаат да се простат со родителите, роднините, пријателите, а потоа да се најдат покрај богатата трпеза. Останало забележано дека и младите вљубени се проштевале на чешмата со по некој бакнеж, зашто за време на Велигденските пости и бакнувањето се сметало за грев.

Во Велес, при проштевањето на жената се давало портокал, а на мажот лимон. Во овој град на овој празник се правеле сурати односно се маскирале и оделе по куќите во групи од по дванаесет души во кои имало: момче, невеста, дедо, ѓавол, доктор, благар итн. Благарот го собирал благото со кое биле дарувани по куќите.

Амкањето е интересен обичај кој особено на децата им причинувал голема радост. Се изведувал на тој начин што едно варено бело јајце се прободувало со игла, потоа низ него се провирал конец (некаде конопен во други места памучен) кој се врзувал за урката, за таванот или за синџирот од огништето. Најстариот човек во куќата, најчесто домаќинката го држела конецот (урката и сл.) и сите почнувајќи од постарите амкале, обидувајќи се да го лапнат јајцето, но без при тоа да се послужат со рацете. Само на помалите деца им се дозволувало да се послужат со рачињата. Велат, чинело човек барем со забите да го допре јајцето за да му бидат бели и здрави. Ако некој го лапнел јајцето, му го давале да го изеде, а амкањето продолжувало со друго.

Во Мариово кога тој што амкал ќе речел: „Ам!“, домаќинот го прашувал: „Што амкаш?“, на што тој одговарал: „Амкам за здравје!“ При лупењето на јајцето се внимавало еден дел од лушпата да остане поцелосен, а потоа од него сите пиеле вода велејќи: „За крто душа!“, што значи кртовите што се наоѓале во нивните или бавчите да умрат или барем да минат во туѓ синор. Во Дебарца, според обичаите и верувањата што ги забележавме, притоа се велело: „Таму му гробнина, таму му столнина!“, што имало исто значење. Во некои краишта од Македонија сите пиеле вино од белката на јајцето, а лушпите ги фрлале во соседниот двор, за и болвите да прејдат кај соседите. Во Скопје, како и во Воден, Битола и други места амкале најпрвин со пита, потоа со јајце и на крајот со алва. По амкањето со конецот на кој било врзано јајцето се гатало за живот на старите луѓе во селото. Се споменувало некое име на стар човек и се запалувал конецот. Ако подолго време горел со пламен, ќе живеел долго, ако веднаш угаснел ќе умрел во таа година. Во некои места вака се гатало само за старите луѓе, во други за секој член од семејството.

Величествен впечаток оставаат големите обредни огнови, кои се палат вечерта на овој празник. Во Штип, Радовиш, Гевгелиско и некои други места овој оган се викал Голема Ора-копа, за разлика од Малата Ора-копа, огнот што се палел една недела порано. Големата Ора-копа се изведувала посвечено од малата, со поголеми огнови, со повеќе деца, со повеќе песни итн. Важно е за овие огнови што децата ги прескокнуваат со верување дека ќе се очистат не само од болви, вошки и други паразити, туку и од негативните демони, но најповеќе од гревовите.

Во Разлошко овој оган се вика Гаро. Целото попладне децата го подготвувале Гарото, а уште пред да го запалат девојките пееле:

Јунак стрелба стрелаше, стрелите му падаа,

на момини дворове. Мома двори метеше,

и си стрели береше. Јунак и се молеше:

– Дај ми моме стрелите, ќе ти одам прстенче!

По запалувањето на Гарото, вечерта, девојките играле оро без песни, а момчињата го прескокнувале Гарото, играле и пукале од пиштоли. Повозрасните момчиња фрлале стрели, наречени самострели кон куќите на девојките што ги сакале. Стрелите ги правеле од борова срцевина, натопена со боров катран, на врвовите му лепеле боров катран од колите, потоа ги запалувале од Гарото и така ги фрлале кон куќите на саканите девојки. Во Банско овој оган се викал Стрелачка и околу него не се играло оро.

Д. В. Македонски забележал кон крајот на 19-тиот век дека во селата Емборе, Дебрец и Палиор во егејскиот дел на Македонија децата, исто така, правеле голем куп од дрва, смреки и слама, наречен Ерле и навечер на празникот го палеле со пукање од пушка или пиштол. Ако тоа не успеело дури тогаш го палеле со оган. Околу него пееле, а потоа запален сноп слама (ржаница) носеле дома со верување дека летото нема да има болви. Вакво Ерле правеле децата од секоја маала и се натпреварувале чие ќе гори последно.

Во Струга, како што е запишано во зборникот на браќата Миладиновци, се изведувал обичајот наречен Лапрди. „На Поклади вечерта децата играет околу црков со лапрди. Лапрди сет дргови, не толку длги, на врхот расцепени и в цепот накладено сено сврзано. В сеното клавает јаглен, и вртет лапрдата, на десно, на лево, дури да се запалит сеното и да изгаснит. После оставет драговите в црква“.

Во селото Вмбел, Костурско овој оган го викале л’нго. Имено неколку дена пред празникот собирале суви дрва и гранки кои ги складирале на едно место во маалото. Заедно со тоа се правело и л’нгото. Долги стебла се составувале со ковење потоа ги исправале и на врвот ставале маалско знаме. Во време на грчката окупација доаѓала полицијата да види дали тоа не е некое „комитаџискко“ знаме. Секое маало си имало место каде се подигнувал л’нгот. Откако ќе го исправеле и зацврстеле л’нгот го ределе со суви дрва, прнар, рошки (суви гранки), слама и така правеле пирамида од околу 3-4 метра. Целата оваа направа била наречена Укала. Укалата се палале пред заоѓање на сонцето и околу нив се играло и пеело. Нагорени гламни се користеле за нажежување на некој болен или за подгорување на влакната на добитокот за отстранување на болестите од луѓето и животните.

Во селото Мрзен, Кавадаречко, вечерта пред зајдисонце сите млади невести облечени во невестинска руба, придружени од своите свекрви, золви и јатрви, оделе на чешмата на групно клањање (поклонување). Тука правеле три наклони.

Понеделникот по Прочка се вика Чист Понеделник и тогаш започнуваат долгите Велигденски пости. На овој ден се чисти куќата, особено се внимава садовите за храна да се измијат и испоснат од мрсното. Во минатото тоа се правело со брашно или пепел и со подолго вриење. Ефтим Спространов забележал дека во Охрид, во втората половина на минатиот век, целата ова недела по Прочка се викала Чиста недела и секој ден одделно: Чист понеделник, Чист вторник итн. Понабожните три дена ништо не јаделе, а во средата оделе во црквата каде што земале светена вода наезмо, а потоа дома приредувале гозба, со посна храна, на која ги канеле роднините и пријателите. Овој строг пост трите дена по Прочка се вика Тримери, а самиот чин постење, односно гладување тримерење.

Во врска со овој празник се и карневалите што се одржуваат во Струмица и Прилеп. Празнувањата во Струмица се во врска со тримерските празнувања, кога се изведуваат богати обичаи за свршените. Обичаите со варењето на посен (бел) грав, со синиите, пеењето на еротски песни и играње на орото „Црна кокошка“, посетата на Цареви Кули и сл. отсекогаш го привлекувале вниманието на намерниците и случајните минувачи. Во карневалот, пак, што се одржува во овој град по повод овој празник очигледни се влијанија на големите светски карневали. Карневалот во Прилеп е впечатлив по автентичните маски од мечки кои ја продолжуваат вековната традиција на празнувањето на касапите од овој град.

Празникот Прочка претставува голем празник за македонскиот народ и со него се поврзани богати обичаи и верувања. Очигледно е дека проштевањето е обичај востановен под влијание на црквата, а забавите, како што се оние околу огновите, гатањата за среќа, карневалите и сл. се остатоци од претхристијанските пролетни забави.

Самоубиство или не: Пронајдениот мртов маж под мостот во Маџир маало е бугарски државјанин

$
0
0

Под мостот во скопско Маџир маало беше најдено мртво машко тело.

Според информации од МВР станува збор за шеесет и пет годишен маж од соседна Бугарија.

Причината за смртта не е позната но според неофицијални информации се работи за самоубиство. Во текот на денот очекуваме повеќе детални информации од страна на МВР за тоа како настанала смртта на овој бугараски државјанин.

Млад скопјанец со убодна рана пренесен на Ургентен

$
0
0

Вчера во 22,10 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на улицата “Џон Кенеди“ 24-годишниот К.С. од Скопје по претходна расправија бил физички нападнат од 25-годишниот Љ.А. од Скопје, кој бил со уште едно лице и му нанел убодна рана.

Повредениот бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

По улиците да шетаат скопјани, а не куршуми и ножеви!

$
0
0

Избодено момче со нож во Чаир; Избодено дванаесет годишно дете со остар предмет… ова се вести само од вчера во Скопје…

Заскитан куршум погодил возило; загина дваесет годишник во престрелка… ова се вести од овој месец во Скопје…

Премногу куршуми и ножеви фрчат низ Скопје. Оваа констатација би требало кај нас скопјани да предизвика возбуда, реакција…, но за жал не е така, предизвикува само бес и нервоза испреплетена со стравување. Зошто е така? Најверојатно затоа што нема поконкретна возбуда и реакција кај надлежните институции – полицијата, обвинителството, судството…

Сите се однесуваме како да сме се навикнале и помириле со фактот дека криминалците и насилниците пукаат по скопските улици, во кафеани… а се користеше дури и зоља при еден напад… невини луѓе можат да загинат, само затоа што поминале на сокак која треба да е сигурен, сокак кој треба да е под заштита на полицијата која ја плаќаме…

Ако се засили анемичноста кај МВР, ќе се засили и пукањето на криминалците. Скопјани не сакаат засилено да се нервозни и исплашени! По улиците треба да шетаат скопјани, а не куршуми и ножеви!

Скопско Ехо

МЗТ Скопје победи во градското дерби против Работнички

$
0
0

МЗТ Скопје го победи Работнички со 70:74 (35:39) во „Градски парк“, откако успеа да слави во 143 „вечно дерби“ во Првата македонска кошаркарска лига. Со тоа тимот од Аеродром му врати на шампионот за поразот на домашен терен во првиот меч сезонава.

Гостинскиот тим водеше речиси во текот на цел натпревар и ја диктираше играта, откако одигра и одлично во одбраната, додека домаќините инсистираа премногу на шут од три поени, откако реализираа само 11 од 39 удари од далечина.

Најдобар за МЗТ беше Иванов со 22 поени, додека Самарџиски забележа „дабл-дабл“ од 16 поени и 16 скока.

Кај Работнички, Крстевски заврши со 19 поени, а Мираковски реализира 18 поени.

По триумфот, МЗТ e на врвот на табелата со скор 14-2.


Фото: Полицијата ќе ни покаже како правилно се паркира возило

$
0
0

Фотографијата кажува се: Каква е полицијата, каков е редот во Македонија, кој го спроведува редот во земјава, што може да очекуваме од спроведувачите на редот… Дами и господа, полицијата ќе ни покаже како правилно се паркира возило:

Фото: Две недели гори депонија во Скопје, никој ништо не прави

$
0
0

Депонијата меѓу населбите Шуто Оризари и Визбегово гори веќе две седмици. Еколозите секој ден апелираат, ги повикуваат надлежните на реакција, објавуваат фотографии од запалената депонија, пријавуваат, но засега ништо. И вчера огнот, чадот и смрдеата беа неподносливи во тој регион, предупредуваат од граѓанската иницијатива О2 коалиција.

На реакцијата на граѓаните и на еколозите, градоначалникот на општина Шуто Оризари одговори дека на 8 Март треба да се слави, а не да се посветуваме на проблеми.

„Ќе ве молам, денеска е 8 Март и верувам дека треба овој ден да празнуваме. За десет дена го исчистивме најголемиот дел од депонијата. Булдожерот е приватен и општината го плаќа“, одговори Дудуш, кој ветува дека за две седмици депонијата комплетно ќе биде исчистена.

Eколозите порачуваат: „Господа од власта, да земете да си ги едуцирате вашите градоначалници и политичари. Нека земат да си ја работат работата за која бездушно ни наплатуваат од заедничкиот буџет, нека се погрижат за животот и здравјето на сите свои граѓани, нека пробаат да ни го покажат синото небо низ овие облачишта од чадојни, кои ги продуцира нивната негрижа и незнаење. Може потоа и ќе ги поканиме да празнуваат со нас“.

Повеќе фотографии на МКД.мк

Ќе се уништува голема површина зеленило за Чаир да добие 5 нови паркинзи

$
0
0

Фадиљ Амети веќе 50 години живее во Топанско Поле. Вели дека во Чаир се гради многу, но  хигиената според него е на многу ниско ниво. Во минатото, се присетува Амети, градењето не било толку интензивно, па поради тоа ова место било почисто и позелено за разлика од сега.

„Секако дека е подобро, без градби. Населбата е изградена. Парковите се посредени. Недостига хигиена. Ми се чини дека тогаш имаше повеќе чистота. Чистота околу парковите, тоа недостига“, изјави Фадиљ Амети, жител на Чаир.

 Еко-активистот Африм Османи вели дека надлежните институции треба да ги казнуваат граѓаните кои ги уништуваат зелените површини. Предлага да се намали изградбата на објекти и да има повеќе паркови и зеленило.

„Градењето е една од главните причини за уништување на парковите, зеленилото и сечата на дрвја. Еднаш засекогаш треба да се реши прашањето за градење. Новите градби, градежништвото, претставува еден од главните фактори за уништување на зелените површини“, изјави Африм османи, еко-активист.

Од друга страна, во недостиг на паркинзи, граѓаните ги паркираат нивните возила на зелени површини.

Првиот човек на Чаир, Висар Ганиу вели дека од јуни ќе започне изградба на нови паркинзи во оваа општина. Паркинг ќе има во близина на улицата „Цветан Димов“, втор на популарната Пластичарска улица, потоа кај Исабеговата џамија и еден кај Албанскиот театар на Бит Пазар.

Фото: Како се одбележувала Прочка во Скопје

$
0
0

Ах, Калето за време на Прочка! Се слушаше музика која далеку одекнуваше. Шаренило од народни носии и облеки. Привлекуваа панаѓурските тезги: црвени колачиња во вид на срциња со стакленца во средината, шарени бонбони, рипчиња од шеќер, зашеќерени јаболка со црвена глазура, лимонада точена од рака, тазе локуми со вода од стомна, разна бижутерија. Од разгорени скари се ширеше мирис на ќебапчиња.

Има еден многу интересен запис што зборува за тоа како се одбележувала Прочка во Скопје пред војната. Верувале или не, се спомнува бројка од неколку илјади луѓе присутни на прославата. Собирањата биле главно во центарот, на скопскиот кеј, но и во Офицерскиот дом. Во тој текст се вели: „Беше Прочка. Ден за простување, за лудување и за бакнежи. Благодарение на Прочка, проводот беше одличен, и за дамите и за господата. Беше весело, многу весело, и додека се простуваа старите гревови, направени се десет пати повеќе нови, за идната Прочка. Што да се прави? Ако не греши, човекот не би бил човек… Во животот секогаш сметаме на оној што ни простува, бесконечно ни простува, за да ни олесни во душата, ни простува многу повеќе отколку што ние тоа сме го заслужиле“.

За празникот се подготвувала и богата семејна трпеза, како што е забележано, и тоа печена кокошка, сарма, баница, баклава и кадаиф. По ручекот, следуваше обичајот „амкање“, карактеристичен за Прочка, на што се сеќаваме уште од детството. Се амка варено јајце врзано со конец или канап, прицврстен за сукало, за светилка или за лустер од таванот. Јајцето се вртеше околу масата и секој се обидуваше да го дофати со устата. И за време на Прочка се палеле огнови што се прескокнувале, што симболично означувало прочистување од злите духови.

Почнува летното сметање на времето: Стрелките одат еден час напред

$
0
0

Во последниот викенд во март 2019-та година, ноќта во 2 часот меѓу 29 и 30-ти март почнува летното сметање на времето.

Стрелките на часовникот треба да се поместат за еден час напред, односно времето во 2 часот, ќе се смета како да е 3 часот. До крајот на март денот ќе се зголеми и ќе се стемнува околу 18 часот, а со поместувањето на стрелки, ден ќе имаме се до 19 часот, а на почетокот на летото и до 20 часот.

Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно првпат почнало во 1916 та година во државите на северот во Европа, а денес е практика во 70 земји од Светот.

Европските земји веќе се подготвуваат за конечно укинување на оваа практика.

Viewing all 34906 articles
Browse latest View live


<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>